Лилјана Гавриловска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лилјана Гавриловска
Роден 1951
Москва
Националност Македонка
Занимање универзитетски професор

Лилјана Гавриловска (Москва, 1951) – универзитетски професор на Факултетот за електротехника и информациски технологии во пензија.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Лилјана Гавриловска е родена во Москва во 1951 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирала во 1976 година, каде и докторирала во 1995 година, а магистрирала во 1985 година на Електротехничкиот факултет во Белград. Во 1977 година е вработена на Електротехничкиот факултет како помлад асистент, во 1985 е избрана за асистент. Во 1995, 2000 и 2005 година e избрана во звањата доцент, вонреден професор и редовен професор, соодветно. Била добитник на Karl-Duisburg стипендијата за студиски престој во Ерланген, Германија (1982) и на билатералниот канадско-југословенски грант за 18-месечен престој на Универзитетот во Торонто, Канада (1991 – 1992). Во текот на својата академска кариера повеќекратно престојувала како гостин професор и како вонреден професор на Универзитетот во Алборг, Данска (2000, 2001-2002, 2007-2008).

Била раководител на Лабораторијата за телекомуникации и е основач на одделот за телекомуникации при Македонската секција на IEEE (Senior Member od 2001). Автор/коавтор е на повеќе од сто научни трудови и на книгата „Ad Hoc Networking Towards Seamless Communication“ (Springer, 2006). Партиципирала и во „Towards a 3G Global System“ (Vol.1 and 2, Artech House, 2001) во рамките на ASAP FP4 проектот. Активно учествувала како раководител/кораководител во повеќе истражувачки европски проекти (во рамките на програмите FP5, FP6 и FP7), NATO SfP програмата, TEMPUS-и, билатерални истражувачки проекти (Siemens/Германија/ Данска), проекти финансирани од GTZ - Германија, и домашни проекти. Поканета била за главен технички менаџер на FP6 IP проектот MAGNET Beyond. Нејзиниот научен интерес е во областа на безжични и мобилни мрежи, ad hoc и персонални мрежи, сензорски мрежи, телесообраќаен инженеринг, меѓунивовски оптимизации, хетерогени мрежи, интероперабилност и когнитивно радио.[1]

Награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 50 ГОДИНИ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. Скопје: Факултет за електротехника и информациски технологии. 2009. стр. 219. ISBN 978-9989-630-58-3. |access-date= бара |url= (help)
  2. „Награда Гоце Делчев за 2014“. Посетено на 19 март 2021.