Прејди на содржината

Владимир Атанасовски (професор)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Владимир Атанасовски
Роден 2 мај 1980(1980-05-02)(44 г.)
Скопје
Националност Македонец
Занимање универзитетски професор
Деца 3

Владимир Атанасовски (р. 2 мај 1980 во Скопје) – универзитетски професор и декан на Факултетот за електротехника и информациски технологии.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Владимир Атанасовски е роден во Скопје во 1980 година. На Електротехничкиот факултет во Скопје дипломирал во 2004 година, магистрирал во 2006, а докторирал во 2010 година. На факултетот се вработил веднаш по дипломирањето како демонстратор, напредувал во асистент во 2006, доцент во 2010, вонреден професор во 2015 и редовен професор во 2020 година.[2] Во мандатниот период 2020-2024 година бил избран за Продекан за финансии и соработка со стопанство.[3] Досега објавил повеќе од 40 трудови во меѓународни списанија и на меѓународни конференции. Учествувал во неколку меѓународни научно истражувачки проекти (FP5, FP6, FP7, NATO SfP). Партиципирал и во поголем број домашни научноистражувачки и апликативни проекти. Член е на Центарот за безжични и мобилни комуникации при Факултетот од неговото основање во 2004 година и на IEEE од 2001 година. Полиња на научно-истражувачки интерес му се вертикалните меѓунивовски оптимизации, управувањето со ресурси во интероперабилни безжични средини, когнитивните радиомрежи и безжичните ad-hoc и сензорски мрежи.[1]

  1. 1,0 1,1 50 ГОДИНИ ФАКУЛТЕТ ЗА ЕЛЕКТРОТЕХНИКА И ИНФОРМАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ. Скопје: Факултет за електротехника и информациски технологии. 2009. стр. 223. ISBN 978-9989-630-58-3. |access-date= бара |url= (help)
  2. „Владимир Атанасовски“. ФЕИТ. Посетено на 21 март 2021.
  3. „Продекани на факултетот“. ФЕИТ. Посетено на 21 март 2021.
  4. „Награда Гоце Делчев за 2014“. Посетено на 19 март 2021.