Јасна Котеска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јасна Котеска

Јасна Котеска (Скопје, 1970) е македонска писателка, теоретичарка, филозоф и универзитетски професор. Таа е авторка на 11 книги објавени во Скопје, Вашингтон, Торонто, Љубљана, Софија и Белград.

Котеска работи како редовна професорка[1] по книжевност, родови студии и теориска психоанализа на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Котеска магистрирала родови студии на Централно-европскиот Универзитет во Будимпешта и магистрирала и докторирала[2] книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Котеска е член на Независните писатели на Македонија, на Филозофското друштво на Македонија и на повеќе интернационални организации и одбори.

Дела[уреди | уреди извор]

Јасна Котеска е авторка на 11 книги, од нив шест на македонски јазик (објавени во Скопје), три на англиски јазик (во Вашингтон, Торонто и Белград), една на бугарски (во Софија) и една на словенечки јазик (во Љубљана). Таа работи претежно со 19-вековната филозофија и книжевност, вклучувајќи ги книгите за австрискиот психоаналитичар Зигмунд Фројд, за данскиот филозоф Серен Кјеркегор, како и студиите за Франц Кафка, раната психоанализа, интимноста, санитарноста, траумата и ресентиманот.[3]

Котеска е авторка на преку 200 студии, некои од нив преведени на преку 12 јазици. Котеска периодично објавува колумни и блог постови за актуелните општествени прашања во весниците и на порталите во Македонија и во странство.[4][5]

Признанија[уреди | уреди извор]

Нејзината книга Комунистичка интима (во англиски превод од 2014 година) влезе во листата на 30 книги за 2015 година на т.н. Финеганова список на книги на Европското здружение на писатели со седишта во Берлин и Париз.[6]

Нејзината книга Киркегард за консумеризмот (Торонто, Љубљана, 2016) е добитник на државната награда „Гоце Делчев“ за особено значајно остварување во сите области на науката од интерес за Република Македонија за 2017 година.[7]

Список на објавени книги[уреди | уреди извор]

  • Koteska, Jasna. Kierkegaard on Consumerism (Киркегард за конзумеризмот), Trinity College, University of Toronto, Canada, and Central European Research Institute Soeren Kierkegaard, Toronto and Ljubljana, 2016. ISBN 9781988129020 (на англиски)
  • Котеска, Јасна. Фројдовска читанка Рана психоанализа 1893-1899, Култура, Скопје, 2013. ISBN 9789989327193
  • Котеска, Јасна. Комунистичка интима Темплум, Скопје, 2008. ISBN 9789989189418
  • Котеска, Јасна. Санитарна енигма Темплум, Скопје, 2006. ISBN 9989902879
  • Котеска, Јасна. Македонско женско писмо Македонска книга, Скопје, 2003. ISBN 9989460477
  • Котеска, Јасна. Постмодернистички литературни студии Македонска книга, Скопје, 2002. ISBN 9989460191

Список на преведени книги[уреди | уреди извор]

  • Koteska, Jasna. Communist Intimacy, NAP, Washington DC, 2014. ISBN 9780989916974 (на англиски)
  • Котеска, Яасна. Санитарна енигма, ХК, Критика и хуманизьм, София, 2012. ISBN 9789545871603 (на бугарски)
  • Koteska, Jasna. Intimist, Društvo Apokalipsa, Ljubljana, 2008. ISBN 9789616644303 (на словенечки)

Список на уредени книги[уреди | уреди извор]

  • Tatjana Rosic, Ilic, Jasna Koteska, Janko Ljumovic. Representation of Gender Minority Groups in Media: Serbia, Montenegro and Macedonia, Faculty of Media and Communication FMK, Belgrade, 2015. ISBN 9788687107540 (на англиски)
  • Котеска, Јасна. Антон Томаж Линхарт, Монографија. Веселиот ден или Матичек се жени, Универзитет Св. Кирил и Методиј, Скопје, 2008. ISBN 99897246336 (на македонски)

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]