Атанас Вангелов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Атанас Вангелов
Роден/а6 февруари 1946
Македонија Богданци, Македонија
ЗанимањеПисател

Атанас Вангелов (роден на 6 февруари 1946) е македонски поет, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар, драмски автор, преведувач. Роден е во Богданци. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Бил претседател на Советот на СВП. Бил лектор по македонски јазик и литература во Париз. Работел како новинар во Радио Скопје. Бил член на редакцијата на списанието „Разгледи“. Член на ДПМ од 1967 година.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

  • Земјата на цветот (поезија, 1966),
  • Препев на планината (поезија, 1970),
  • Мистер Порфирие (телевизиска драма, 1971),
  • Живеалиште (поезија, 1974),
  • Глетки и пивиденија (поезија, 1977),
  • Песме / Песни (1978),
  • Артизмот и современата македонска поезија (студија, 1978),
  • Преданија (поезија, 1978),
  • Литературни студии (1983),
  • Строго доверливо (поезија, 1985),
  • Решето (критики, 1985),
  • Неодредени лични заменки (драма, 1986),
  • Семантички фигури во македонската народна лирика (студија, 1987),
  • Траги (поезија, 1991),
  • Преписите на Божин Павловски (студија, 1992),
  • Микрочитања (критики, 1993),
  • На безгласје глас (поема, 1994),
  • Гласови и траги (поезија избор, 1995),
  • Исказот и стварноста (критики),
  • Водопад (поезија, 1998),
  • Морфологија на бо(љ)шевизмот(студија, 1998),
  • Pro et contra македонизми (критики, 1998).

Добитник на наградите: „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Божидар Настев“, „Димитар Митрев“, „Златно перо“, „Григор Прличев“.[2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Атанас Вангелов
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 48.