Данило Коцевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Данило Коцевски (роден 1947 година во Куманово) е македонски книжевен критичар, раскажувач, романописец, драматург и поет. Дипломирал на Филозофскиот факултет - Скопје. Работел во весникот „Млад борец“ и Македонската радио-телевизија. Бил главен уредник на списанието „Разгледи“ - Скопје. Член е на Друштвото на независните писатели на Македонија и на македонскиот ПЕН центар. Познат е како хроничар на град Скопје поради своите статии објавувани во „Нова Македонија“ и емисиите на Македонската телевизија. Директор е на „Струшките вечери на поезијата“.

Литературно творештво[уреди | уреди извор]

Критики и есеи: „Да и не“ (1981), „За новите тенденции“ (1984), „Сепак се движи“ (1985), „Критиката како заблуда“ (1988), „Поетиката на постмодернизмот“ (1989), „Антиномиите на критиката“ (1989), „Модерно и постмодерно“ (1993), „Постмодерни текови“ (1996), „Нови есеи“ (2001), „Побуна на интелектуалците“ (2007).

Романи: „Одисеј“ (1991), „Ќе одиме ли кај Џо“ (1992), „Јустинијана, градот кој го нема“ (1999), „Роман за Ное“ (2003), „Пиколомини пред портите на Скопје“ (2005).

Проза: „Патување за Аркашон“ (1989), „Магијата на Скопје“ (1997).

Поезија: „Каде се раѓа песната“ (1992), „Поетовата смрт“ (1995).

Одделни текстови му се објавени на англиски, француски, руски, романски и португалски.

Награди: „Рациново признание“, „13 Ноември“ и „Млад борец“.