Патување за Аркашон

Од Википедија — слободната енциклопедија

Патување за Аркашон е книга на раскази на Данило Коцевски објавен во издавачка куќа „Мисла“, од Скопје во 1989 година.

Содржина[уреди | уреди извор]

„Патување за Аркашон“ жанровски припаѓа на кратката прозна форма. Расказите се поставени во два „циклуси“, насловени ПАТУВАЊЕ ЗА АРКАШОН (СОНОТ НА ЈАВЕТО) и СОНОВНИК (ЈАВЕТО НА СОНОТ). Првиот дел се состои ис три раскази кои се пак поделени на повеќе приказни со посебни наслови. Книгата започнува со расказот Камилица кој што е посветен на старо Скопје, на некои негови жители, посетотели, знаменитости како Сули-Ан и Црквата Св. Димитрија, на библиотека, циркус и семејство како заокружување на една циклична форма низ која живее градот, човекот, духот.

Следува расказот Рибари низ кој ќе ги сретнуваме луѓето и личностите од Охридско, од селото трпејце во кое авторот го смируваше својппт дух, па се и приказните кои се нижат дел од неговите лични експресии, доживувања, реминисценции, како и запомнети при интересните средби.

Патување за Аркашон е полн со пресии, впечатоци, восхити кои Коцевски ги носи со себеси од престојот во Франција. Во негп ќе ги сретнеме впечатоците од неговата средба со градовите Аркашон, Париз, Бордо, но и средби со луѓето од тие раскошни, мистични, за авторот отворени места. Во овој расказ читателот може да ја осознаее и посебната блискост на авторот со францускиот постмодернизам, со боемскиот живот кој некако му се вовлекол во секоја пора и ќе живее постојано со него, но и во неговото дело.

Во Соновник(јавето на сонот) авторот се обиддува да пронајде одговор на прашање дали може ли да се раздели она што е доживеано, прочитано, напишано и сонувано? – Се тоа се расказите во „Патување за Аркашон“. Ова е дело за гласот кој не постои. А, кој глас постои? Оној на сонот или оној на јавето? Оној на сонот на јавето или на јавето на сонот? Кој би можел во тоа да биде сигурен? Често јавето е само ехо на некој далечен, внатрешен,изгубен свет, кој од необјасниви причини силно проблеснува и исчезнува.

Други дела од авторот[уреди | уреди извор]

Критики и есеи

„Да и не“ (1981);

„За новите тенденции“ (1984);

„Сепак се движи“ (1985);

„Критиката како заблуда“ (1988);

„Поетиката на постмодернизмот“ (1989);

„Антиномиите на критиката“ (1989);

„Модерно и постмодерно“ (1993);

„Постмодерни текови“ (1996);

„Нови есеи“ (2001);

„Побуна на интелектуалците“ (2007).

Романи

„Одисеј“ (1991);

„Ќе одиме ли кај Џо“ (1992);

„Јустинијана, градот кој го нема“ (1999);

„Роман за Ное“ (2003);

Пиколомини пред портите на Скопје“ (2005).

Проза

„Патување за Аркашон“ (1989);

„Магијата на Скопје“ (1997).

Поезија

„Каде се раѓа песната“ (1992);

„Поетовата смрт“ (1995).

Наводи[уреди | уреди извор]