Игор Исаковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Роден 19 септември 1970
Скопје, СР Македонија СР Македонија
Починал 15 декември 2014
Скопје, Македонија Македонија
Занимање писател и преведувач


Игор Исаковски (Скопје, 19 септември 1970 - Скопје, 15 декември 2014) — македонски поет, прозаист, преведувач, уредник[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Исаковски е роден на 19 септември 1970 во Скопје. Работел како радио и ТВ водител од 1991 до 1999 годинаи потоа од 2001 од 2003 година, на различни фреквенции. Тој бил основач и директор на културната установа „Блесок“, а работел и како главен и одговорен уредник и веб-мастерот на истоименото списание. Исто така бил уредник на списанието на Независните писатели на Македонија, „Наше писмо“. Дипломирал на катедрата за Општа и компаративна книжевност во Скопје, а магистрирал на Централноевропскиот универзитет во Будимпешта (Родови и културолошки студии). Починал на 15 декември 2014 во Скопје.[2]

Творештво[уреди | уреди извор]

Исаковски преведувал поезија, проза и есеи, од (и на) македонски, англиски, словенечки, српско-хрватски-босански-црногорски. Во негов превод, на македонски јазик се објавени 60 книги, меѓу кои оние на:[3] Алеш Дебељак (2), Лудвиг Гиц, Марија Тодорова, Душан Гојков, Клод Фримен, Роберт Млинарец, Јосип Ости (8), Рони Сомек, М.Т.Ц. Кронин, Горан Глувиќ, Томас Шапкот, Џек Галмиц, Герит Бусинк, Ханс ван де Ваарсенбург, Том Петсинис (2), Сибила Петлевски (2), Хенк ван Керквијк (Дејвид Винвуд), Павле Горановиќ, Предград Луциќ, Хенри Милер, Оља Савичевиќ Иванчевиќ, како и една антологија на црногорската поезија.
Исаковски објавувал во многу домашни и странски списанија. Делата му се објавени на англиски, холандски, романски, словенечки, хрватски, српски, бугарски, црногорски, босански, чешки, унгарски, полски, словачки, корејски, хебрејски и турски.
На 18 септември 2015 година, во клубот МКЦ, посмртно била промовирана 11. збирка поезија на Исаковски „Дека да“.[4]

Објавени дела[уреди | уреди извор]

Самостојни дела

Писма (роман, 1991), Црно сонце (поезија, 1992), Експлозии, трудна месечина, ерупции… (раскази, 1993), Вулкан – Земја – (поезија, 1995), – Небо (поезија, 1996, 2000), Гравири - Blues говорница (многу куси текстови, 2001), Песочен часовник (раскази, 2002), Длабоко во дупката (поезија, 2004), Пливање во прашина (роман, 2005, награда Прозни мајстори, 2005), Blues говорница II (многу куси текстови, 2006, годишна награда за најдобар визуелно-графички дизајн на печатена книга, 2007), Стажирајќи за светец (поезија, 2008), Ноќта е најтемна пред разденување (поезија, 2009), „Дека да“ (поезија, 2015).[5]

Избори и преводи на други јазици

Sky (поезија на англиски, 1996, 2000), Sejanje smeha (избрана поезија на српски и македонски, 2003), I & Tom Waits (избрана поезија на македонски и англиски, 2003), Sandglass (раскази на англиски, 2003)

Антологии

Ернест.01 (избор од раскази објавени во Блесок, 1998-2003), Морфеј.01 (избор од поезија објавена во Блесок, 1998-2003, автори родени помеѓу 1960-1977), Морфеј.02 (избор од поезија објавена во Блесок, 1998-2003, автори родени помеѓу 1930-1959)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [/archives/1776 „„Ноќта е најтемна пред разденување“, книга поезија од Игор Исаковски“] (на македонски). Култиво. /archives/1776. конс. 12 јануари 2010 г. 
  2. Почина Игор Исаковски, еден од најеминентните македонски поети
  3. „Промоција на последната збирка поезија на Исаковски“, Дневник, година XIX, број 5868, петок, 18 септември 2015, стр. 19.
  4. „Промоција на последната збирка поезија на Исаковски“, Дневник, година XIX, број 5868, петок, 18 септември 2015, стр. 19.
  5. „Промоција на последната збирка поезија на Исаковски“, Дневник, година XIX, број 5868, петок, 18 септември 2015, стр. 19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]