Сибила Петлевски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сибила Петлевски
Sibila Petlevski 21032013 2 roberta f.jpg
Сибила Петлевски
Занимање писател, новелист, универзитетски професор
Националност македонска
Државјанство хрватско и германско


Сибила Петлевски (хрватски: Sibila Petlevski; Загреб, Хрватска, 11 мај 1964) е видна хрватска писателка од македонско потекло[1].

Биографија[уреди | уреди извор]

Петлевски е родена на 11 мај 1964 година во Загреб, Хрватска како ќерка на познатиот македонски сликар Ордан Петлевски. Дипломирала компаративна книжевност и англиска литература на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб во 1988 година. Магистрирала во 1991, додека докторирала во 1996 година. Предава театрологија на Академијата за драмски уметности во Загреб. Член е на Бордот на Меѓународниот ПЕН и дописна членка е на француската поетска академија L'Académie Mallarmé. Пишува на хрватски и англиски јазик, но дел од нејзините дека се преведини и на македонски јазик[2]. Нејзината поезија и проза се преведени на околу десет јазици. Таа настапувала на голем број меѓународни книжевни конференции. Добитник е на врвни меѓународни награда. Мажена е за Давид Газаров, виден германски пијанист и композитор од ерменско потекло[3].

Библиографија[уреди | уреди извор]

Автор е на:

поезија
  • Skok s mjesta (1990.),
  • Sto aleksandrijskih epigrama (1993.),
  • Babylon (2000.),
  • Heavy Sleepers, (2000.),
  • Libitina (2002.) i
  • Spojena lica (2006.)
проза
  • Francuska suita (1996.) i
  • Koreografija patnje (2002.).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Rothfuss, Uli (2002) (на германски). Mein Hermann Hesse. Edition q in der Quintessenz Verlags. ISBN 9783861245506. 
  2. „Автор: Сибила Петлевски“ (на македонски). Блесок. http://www.blesok.com.mk/avtor.asp?lang=mac&id=154. конс. 24 февруари 2011 г. 
  3. „novelist, poet, playwright, performer, university professor, theatre scholar, editor and translator“. http://www.sibilapetlevski.com/Sibila_Petlevski.html. конс. 24 февруари 2011 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]