Прејди на содржината

Станислав Лесновски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Станислав Лесновски
Фрагмент од Вториот лесновски пролог (меѓу 1330 и 1340)
Роден/апред 1330
Штип, Средновековно Кралство Србија (денес Македонија)
Починат/апосле 1342
Занимањеписец
Јазикцрковнословенски
Предметправославие
Години на активност1330–42

Станислав Лесновски (Штип, 14 век) – македонски книжевник од 14 век, најзначајниот претставник на Лесновскиот книжевен центар. Работел во првата половина на 14 век во Лесновскиот манастир и, според Илија Велев, од 1353 година во Марковиот манастир покрај Скопје.

Книжевна дејност

[уреди | уреди извор]

Со своите ученици го уредил и препишал Станиславовиот пролог (1330), кој содржи и Кратко житие на Гаврил Лесновски (се чува во Архивот на САНУ, Белград), Минеј (Оливеров минеј, 1342) со химнографска Служба на Гаврил Лесновски, за кој изработил и орнаментика. Му се припишува уште еден минеј, т.н. месечен (од декември до февруари), како и пролог за раздобјето од септември до ноември (се чува во Софија). При евакуацијата на ракописната збирка од 55 дела на железничката станица во Ниш во 1915 година биле изгубени Оливеровиот минеј и Месечниот минеј. Неговите ракопис се занимливи и значајни за истражување на јазични, книжевни, химнографски, калиграфски и орнаментолошки особини на Лесновскиот книжевен центар од тоа време.[1]

Поврзано

[уреди | уреди извор]