Лесновски Ковачевиќев пролог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Фрагмент од Вториот Лесновски Пролог

Вториот Лесновски пролог познат и како Лесновски Ковачевиќев пролог[1]средномакедонски килилски ракопис. Потекнува од периодот помеѓу 1330 и 1340 година. Содржи 221+ 1 пергаментен лист. Пишуван е во Лесновскиот Манастир од двајца пишувачи, од кои едниот бил Станислав Лесновски[2]. Писмото е кирилско. Украсен е со скромна орнаментика, главно изразена кај иницијалните букви. Содржинската структура е стара (нестиховна) од типот на Константин Мокински[3]. Има и кратки житија за некои од словенските светители. Во 1330 и 1340 година во Лесновскиот книжевен центар се препишале уште два пролога од една иста предлошка, во кои исто така со пишување учествувал Станислав Лесновски (Прв Лесновски пролог – Белград САНУ бр. 53 и Трет Лесновски пролог – Белград НБ, Стара збирка бр. 27). Овој манускрипт се чува во Белград[4], (НБ, Нова Збирка Рц 705).[5]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Илија Велев, Македонскиот книжевен XIV век,Скопје 1996, p. 45–51;
  • Илија Велев, Лесновскиот книжевен центар, Скопје 1997, p. 137–144;
  • Ѓорги Поп-Атанасов, Илија Велев и Маја Јакимовска-Тошиќ, Творци на македонската литература (IX–XVIII век), Скопје 2004, p. 96–104.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Илија Велев, Ковачевиќев лесновски пролог, Годишен зборник на Филолошки факултет, кн. 17, Скопје 1991, стр. 189–208
  2. Илија Велев,Кирилометодиевската традиција и континуитет, Скопје 1997, p. 210–225);
  3. Илија Велев, Лесновски ковачевиќев пролог, Скопје 2004;
  4. Румяна Павлова. Пролог Рс 705 от народната библиотека на Сърбия в Белград. Старобългаристика, 1996, № 2, p. 110-128;
  5. Илија Велев, Лесновските проложни текстови и нивната редакциска застапеност, Годишен зборник на Филолошки факултет, кн.18/19, Скопје 1992/’93, p. 209–230;