Лобковски (Хлудов) паримејник

Од Википедија — слободната енциклопедија

Лобковски паримејник или Хлудов паримејниксредномакедонски кирилски ракопис од 13-14 век на пергамент. Бил напишан од македонскиот книжевник Никола Брата во времето на византиските цареви Андроник II Палеолог и неговиот син Михаил IX (помеѓу 1294 и 1320 година). Содржи 171 лист. Се наоѓал во збирката ракописи на А. И. Лобков, поради што во славистичката наука е познат како Лобковски паримејник. Сега се чува во збирката ракописи на Хлудов (бр. 142) во Државниот историски музеј во Москва. Ракописот претставува значаен извор за проучување на историскиот развој на македонскиот книжевен јазик.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1586. ISBN 978-608-203-024-1.