Загрепски триод

Од Википедија — слободната енциклопедија

Загрепски триодкирилски ракопис од македонска редакција. Се чува во Архивот на ХАЗУ во Загреб под сигн.: Ⅳ д 107. Содржи посен и цветен дел. Има 196 пергаментни листа (19х26,7) испишани со уставно писмо во постар облик. Напишан е во ⅩⅠⅠⅠ век, според јазичните особености, во Западна Македонија. Се спомнуваат имињата на Кирил Филозоф и на Методиј. Се смета дека, заедно со Шафариковиот триод, претставува најстар структурен тип на словенски триод.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 550. ISBN 978-608-203-023-4.

Литература[уреди | уреди извор]

[[Категорија:Македонска средновековна книжевност]