Слепченски апостол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Слепченски апостол — полн изборен апостол од 12 век, кој се состои од 154 листа на пергамент со македонска редакција. Пишуван е со мастило и киновар со уставно кирилско писмо. Иницијалите се од зооморфен тип. Некои од листовите се палимпсест, словенскиот текст е пишуван врз грчки. Текстот на Слепченскиот апостол го пишувале двајца писци, едниот пишувал ситно и право, другиот крупно и косо. Потекнува од Охридската книжевна школа и првобитно му припаѓал на Слепченскиот манастир, Демирхисарско. Денес неговиот најголем дел се чува во Руската национална библиотека во Санкт Петерсбург, сигн. F.n. I. 101 (130 листа), и во Пловдивскиот музеј, а негови помали делови 1 до 6 листа во Москва и Киев.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1378. ISBN 978-608-203-024-1.