Радомиров псалтир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лист од Радомировиот псалтир

Радомиров псалтир - кирилски литургиски псалтир со молитви од втората половина на XIII век од македонска редакција[1]. Претставува кирилски ракопис пишуван со ситно уставно писмо во централномакедонското подрачје од ѓаконот Радомир, според кого што го добил и името, а познат е и под името Зографски псалтир[1]. Содржи 172 пергаментни листа со димензија 14,5х10 цм[1]. Има мошне мошне богата илуминација[1]. Се чува во библиотеката на Зографскиот манастир на Света Гора под сигнатура 1d13, а еден лист се наоѓа во збирката на Порфириј Успенски во Националната библиотека во Санкт Петербург под сигнатура QnI 11[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Рибарова, Зденка (2009). Блаже Ристовски. уред (на македонски). Македонска енциклопедија. 2. Скопје: МАНУ. стр. 1243. ISBN 978-608-203-023-4 (1).