Добрејшово евангелие

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Добрејшовото евангелие е вклучено во проектот Europeana
Иницијал В. Тератологичен стил. Добрејшово четвероевангелие. Прва половина на XIII век.

Добрејшово евангелиекирилско четвороевангелие од првата половина на ⅩⅠⅠⅠ век (1221?), 127 листа. Од нив 79 листа се чуваат во Софија, НБКМ бр. 17 (307). Преостанатите 48 листа што изгореле во 1941 година во Белград (НБС бр. 214) се достапни само во едицијата на Цонев. Именувано е според попот Добрејшо, најверојатно нарачувач на евангелието, кој се спомнува во неколку записи. Пронајдено е во Тулча, а претходно се наоѓало во Одрин, а уште пред тоа некаде во Западна Македонија. Препишано е во Северна Македонија од архаична јужномакедонска предлошка од повеќе писци со различни правописни навики. Евангелието е богато украсено со 87 иницијали и со портрети на евангелистите. Правописот е во основа двоеров, но без етимолошко разликување на еровите, а има и делови пишувани со едноеров правопис. Мешањето на носовките не е целосно спроведено, се наоѓа главно во глаголските форми, пред сè во аористот. Честа е вокализацијата на еровите (о, е) која се наоѓала веројатно веќе во предлошката, јатот се употребува и по шушкавите согласки (=5ша, 5лост6) слично како во најстарите глаголички текстови.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 476. ISBN 978-608-203-023-4.