Станиславов пролог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Станиславов пролог познат и како Лесновски пролог[1]средномакедонски кирилски ракопис. Бил препишан од писецот Станислав во 1330 година во Лесновски манастирЛесновскиот манастир. Содржи I+320 листа и се чува во Архивот на САНУ, бр. 53.

Ракописот е едноеров со безјусов рашки (до стр. 68v) и со јусов кратовски систем (од последните четири реда на стр. 68v па сѐ до 320. лист). Тој е од типот на целосни пролози и содржи кратки житија на светители за сите денови во годината. Се спомнуваат руски светители од I и II слој на првата редакција на проложните текстови, а од јужнословенските Св. Кирил Солунски, заедничкиот помен на Св. Кирил и Методиј, житието на пустиножителот Гаврил Лесновски и житието на цар Петар. [1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1416. ISBN 978-608-203-024-1.