Трескавечки евхологиј (Требник)
Изглед
Трескавечки евхологиј — македонски ракопис од втората половина на 13 век. Се чува во Јагелонската библиотека во Краков, сигн. БЈ932. Содржи 123 листа пишувани на пергамент и хартија (10 листа). Најголемиот дел од кодексот е грчко-словенски палимпсест. Ракописот е поврзан со книжевната дејност во манастирот Трескавец како и другите ракописи од збирката на Рудолф Гутовски (БЈ932-БЈ937 и БЈ940), којшто ги зел оттаму и ѝ ги подарил на Јагелонската библиотека во 1863 година. [1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македонска енциклопедија, том II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 1509. ISBN 978-608-203-024-1.