Битолски триод

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
За другите значења на поимот видете ја страницата за појаснување.
Фрагмент од ракописот

Битолскиот триод, познат и како Кичевски е македонски средновековен ракопис, кој според записите што стојат на него, ракописот го пишувал Георги Граматик од с.Вапа-Дебарско во с.С'лп-Кичевско[1]. Пишуван е на пергамент во втората половина на XII век, со уставно писмо, на 101л. (275?195мм). Текстот е кирилски со тоа што на 56 места се вметнувани цели изрази со глаголско писмо. Тука, заедно со трипеснеците на византиските химнографи стојат и оригиналните трипеснеци на Константин Преславски. Интресно е и тоа што на повеќе места има екфонетски знаци. Сите овие и другите писмени траги зборуваат дека ги носи јазичните особености на Охридската книжевна школа. Битолскиот триод се наоѓа во ракописниот оддел на Бугарската академија на науките во Софија. под бр.38. Она што е посебно значајно за триодните текстови е фактот во нив да се откриваат и оригинални стихови од нашите познати средновековни творци (Климент Охридски, Наум Охридски и др.). Тоа се најсигурните сведоци дека и на овие битолски простори многу долго се задржале кирилометодиевската глаголска традиција. Во многу од нив сретнуваме и глаголско и кирилско писмо. Иако кирилицата сe повеќе се користела, глаголицата и натаму се практикувала, после неколку векови по Климента, на нашиве терени.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Видоески, Божо (1988). Јазичните појави во Битола и Битолско денеска и во минатото: реферати од научниот собир одржан од 7 до 9 септември 1984 г. во Битола. Македонска академија на науките и уметностите.