Центар Жупа
Центар Жупа Вапа | |
![]() Сретсело во Центар Жупа | |
Координати 41°28′5″N 20°33′32″E / 41.46806° N; 20.55889° EКоординати: 41°28′5″N 20°33′32″E / 41.46806° N; 20.55889° E | |
Општина | ![]() |
Население | 800 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 1258 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 650 м |
![]() |
Центар Жупа (изворно: Вапа) — село во Општина Центар Жупа. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 800 жители. Најголем дел од населението се Македонци-муслимани, кои поради политичко-религиски причини се изјасниле како Турци. Центар Жупа е седиште на истоимената општина.
Географија и местоположба[уреди | уреди извор]
Селото се наоѓа во областа Жупа во Западна Македонија. Селото е на планината Стогово.
Историја[уреди | уреди извор]
Според податоците од 1873 година, селото имало 30 домаќинства со 90 жители христијани (Македонци).[1] Според податоците на Васил К’нчов од 1900 година, селото имало 176 жители христијани (Македонци).[2] Селото првочно се викало Вапа.
Демографија[уреди | уреди извор]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 800 жители. Следува табела на националната структура на населението[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 80 |
Турци б | 714 |
Албанци | 4 |
останати | 2 |
б Напомена: Највеќето жители изјаснети како „Турци“ се всушност Македонци-муслимани.
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
Навистина овој регион во минатото, па и денес е потенцијален извор на борачи во слободен стил. Традиционалните Ѓуреши, турнири во слободно борење секогаш биле вистинско задоволство за населението од општината и надвор од неа. Последните 4 години, се организирани традиционални турнири во мал фудбал од активисти во општината кои исто така се масовно посетени.
Иселеништво[уреди | уреди извор]
Денес, повеќе од 70 % од селото е иселено во странство, претежно во Италија. Во средината на 60-тите години во основното училиште имало 830 ученици a денес не повеќе од 250.
Галерија[уреди | уреди извор]
Статуа на Ататурк во Центар Жупа
Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]
Изборно место[уреди | уреди извор]
Во селото постојат изборните места бр. 557, 560, 561 и 564 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[4]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 1.312 гласачи.[5]
Редовни настани[уреди | уреди извор]
== Личности ==-->
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.176-177.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.261
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Центар Жупа“ на Ризницата ? |
- Сателитска снимка на Центар Жупа на Карти на Google
|