Гоце Смилевски
| Гоце Смилевски | |
|---|---|
![]() | |
| Роден/а | 1975 (воз. 50–51 г.) Скопје, СР Македонија, СФРЈ |
| Значајни дела | Разговор со Спиноза, Сестрата на Зигмунд Фројд |
| Значајни награди | Роман на годината (Разговор со Спиноза)[1] Награда за литература на ЕУ (Сестрата на Зигмунд Фројд)[2] |
| мрежно место | |
| http://www.gocesmilevski.com | |
Гоце Смилевски (Скопје, 1975) — македонски писател.[3]
Биографија и творештво
[уреди | уреди извор]Гоце Смилевски е роден во Скопје, во 1975 година. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје. Образованието го продолжил на Карловиот универзитет во Прага и на Средноевропскиот универзитет во Будимпешта.
Творештво
[уреди | уреди извор]Во 2000 година, издавачката куќа „Сигмапрес“ од Скопје го објавила неговиот роман Планетата на неискуството. За романот Разговор со Спиноза (2002) ја добил наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“. За романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ во 2010 година, тох ги добил Наградата за литература на Европската Унија и Наградата за средоземна култура. Потоа, правата за објавување на романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ биле откупени од страна на издавачи од Соединетите Држави, Обединетото Кралство, Франција, Шпанија, Италија, Португалија, Бразил, Холандија, Србија, Хрватска, Бугарија, Израел, Унгарија, Норвешка, Данска, Турција, Словенија и Чешка. Во 2011 година, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, тој ја добил наградата за драмски текст, за претставата „Спиноза“, во продукција на Мал Драмски Театар - Битола и Драмски Театар - Скопје.
Во 2016 година, издавачката куќа „Дијалог“ го објавила романот на Смилевски, „Враќањето на зборовите“.[4]
Гоце Смилевски е мотив на краткиот расказ „Гоце Смилевски од Амазон“ на македонската писателка Оливера Ќорвезироска.[5]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Дискретниот шарм на романот - Тони Димков“. Архивирано од изворникот на 2016-03-12. Посетено на 2010-11-12.
- ↑ „Дополнето издание на „Сестрата на Зигмунд Фројд" од Смилевски“. Архивирано од изворникот на 2010-11-17. Посетено на 2010-11-12.
- ↑ Republička zaednica na kulturata (2007). Sovremenost: literatura, umetnost, opštestveni prašanja (55. изд.). Kn-vo "Kočo Racin".
- ↑ Роберт Алаѓозовски, „За отсутното“, Економија и бизнис, година 18, број 221, ноември 2016, стр. 99-101.
- ↑ Оливера Ќорвезироска, Престапни години (прозен календар). Скопје: Бегемот, 2021, стр. 488.
|

