Сестрата на Зигмунд Фројд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сестрата на Зигмунд Фројд
АвторГоце Смилевски
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрроман
ИздавачДијалог
Издадена
2007
Медиумпечатено издание
ISBN9786084525851

Сестрата на Зигмунд Фројдроман на македонскиот писател Гоце Смилевски објавена во 2007 година во издание на издавачката куќа „Дијалог“.[1] Српското издание на книгата го објавила издавачката куќа Лагуна од Белград во 2019 година во превод на Зоран Паневски.[2]

За книгата[уреди | уреди извор]

Во романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ е прикажан односот меѓу главниот лик на романот Адолфина и нејзиниот брат Зигмунд Фројд. Прикажани се нивната блискост во детството, асоцијацијата на Адолфиното дружење со сестрата на Густав Климт во виенската психијатриска болница, нејзините соништа и нивните мисли. Авторот го разгледува прашањето дали Зигмунд Фројд е одговорен за смртта на неговите сестри во концентрационен логор.[3] [4]

Романот го опишува раздобјето кога, по доаѓањето на нацистите во Виена, во 1938 г. Зигмунд добил излезна виза. Благодарение на неговиот углед и познанства, тој добил можност да состави список на оние што ќе ги земе со себе.[5] Решил со себе да ги поведе сопругата, децата со семејствата, сестрата на сопругата, куќната помошничка, личен лекар и куче, но не и некоја од четирите сестри. Четирите сестри ги оставил во Виена.[3] Недолго потоа, додека Фројд ги живеел своите последни денови во Лондон, неговите сестри ќе бидат одведени во концентрациониот логор Терезин и ќе бидат погубени.[5]

Книгата е заснована на вистинска приказна и им дава глас на оние нечујните, тука најмногу на Адолфина Фројд, надарена, чувствителна жена која животот го поминала во сенка, негувајќи ги мајка си и татко си.[5]

Изданија на други јазици[уреди | уреди извор]

Романот е преведен на преку 30 јазици.

Српското издание на книгата го објавила издавачката куќа Лагуна од Белград во 2019 година во превод на Зоран Паневски.[2]

Во Соединетите Американски Држави „Сестрата на Зигмунд Фројд“ го објавил „Пингвин“ од Њујорк. Романот е објавен и во Франција, Бразил, Италија, Португалија, Турција, Холандија, Шпанија, Унгарија, Германија, Бугарија, Романија, Литванија, Чешка, Словенија, Хрватска, Норвешка, Русија, Босна и Херцеговина, Данска и во други земји.[6]

Награда[уреди | уреди извор]

Во 2010 година , романот „Сестрата на Зигмунд Фројд“ ја добил:[3] [4]

  • Наградата за литература на Европската унија и

а во 2012:

  • Наградата за медитеранска култура

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Сестрата на Сигмунд Фројд“. goodreads.com. Посетено на 7. 11. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. 2,0 2,1 „Sestra Sigmunda Frojda“. plus.cobiss.net. Посетено на 7. 11. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. 3,0 3,1 3,2 „Sestra Sigmunda Frojda“. laguna.rs. Посетено на 7. 11. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  4. 4,0 4,1 Smilevski, Goce (2019). Sestra Sigmunda Frojda. Beograd: Laguna. ISBN 978-86-521-3431-1.
  5. 5,0 5,1 5,2 „Goce Smilevski Sestra Sigmunda Freuda“. fraktura.hr. Посетено на 7. 11. 2022. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „Сестрата на Зигмунд Фројд“. kupikniga.mk. Посетено на 9 јули 2023.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]