Никола Маџиров

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Маџиров
Роден Никола Маџиров
27 мај 1973
Струмица, Македонија
Занимање македонски поет, есеист и преведувач.

Никола Маџиров (роден на 27 мај 1973 год. во Струмица) — македонски поет, есеист и преведувач.

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

Маџиров ги објавил следниве збирки поезија:

Стиховите на Маџиров „Кога некој заминува, сè што е создадено се враќа“ биле дел од германската поставка на оператаОрфеј и Евридика“, чија премиера се одржала на 2 септември 2014 година, во Минхен, во режија на Андреас Видерман, а во изведба на ансамблот „Опера инкогнита“.[1]

Маџиров е добитник е наградите „Студентски збор“, „Ацо Караманов“, „Браќа Миладиновци“ и европската награда за млад поет „Хуберт Бурда“, која се доделува на автори родени во Централна и Источна Европа. Неговата поезија е преведена на повеќе јазици и објавувана е во неколку избори и антологии на македонската поезија.

Маџиров е координатор на меѓународната поетска мрежа „Lyrikline“ за Македонија. Бил учесник на повеќе меѓународни поетски фестивали и е добитник на неколку меѓународни признанија и стипендии, како: International Writing Program at University of Iowa; KulturKontakt in Vienna; Internationales Haus der Autoren Graz; LiteraturHause NÖ. Неговата поезија е објавена во над педесетина земји во светот, во Европа, Сад, Азија, Африка, Латинска Америка и во Австралија и преведена е на 41 светски јазик, меѓу кои и на: персиски, јапонски, хебрејски, шпански, галисиски, каталонски, келтски, хрватски, германски, бурмански, бугарски, хинди, малајалски, тамилски, украински јазик [2]

Награди[уреди | уреди извор]

На 26 септември 2016 година, претседателот Ѓорге Иванов го прогласил Маџиров за национален уметник на Република Македонија. Претходно, на 1 јули, комисијата во состав од Митко Маџунков, Вера Битракова-Грозданова, Тања Вуисиќ-Тодоровска, Петар Темелковски и Беди Ибраими го избрала Маџиров за национален уметник.[6]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Поезијата на Маџиров во операта Орфеј и Евридика во Минхен“, Дневник, година XVIII, број 5559, петок, 5 септември 2014, стр. 19.
  2. 2,0 2,1 „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-08-07. Посетено на 2016-07-25.
  3. http://www.dw.com/mk/%D0%BD%D0%B8%D0%BA%D0%BE%D0%BB%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D1%9F%D0%B8%D1%80%D0%BE%D0%B2-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BD%D0%B8%D0%BA-%D0%BD%D0%B0-%D0%BD%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%B0%D0%B4%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D0%B8%D0%BD%D0%B0/a-16028407
  4. http://vesti.mk/news/6206287/poetot-madjirov-dobi-megjunarodna-nagrada[мртва врска]
  5. „Маџиров доби француска награда“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 19.
  6. „Никола Маџиров стана национален уметник“, Дневник, година XX, број 6175, вторник, 27 септември 2016, стр. 20.