Заклучени во градот

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Заклучени во градот“
АвторНикола Маџиров
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
ЖанрПоезија
ИздавачМагор
Издадена
1999
Медиумпечатено издание
Страници66
ISBN9989-851-11-5

„Заклучени во градот“ е првата збирка на поезија на современиот поет и писател Никола Маџиров издадена во 1999 година, издание на издавачката куќа „Магор“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Поетската книга авторот ја има поделено на три засебни дела: Заклучени во градот, Портрети и Седум. Збирката претставува поетско доживување на родната Струмица, луѓето, чувствата на дете кое израснало во поет. За збирката Александар Прокопиев има напишано:„ Едноставни и доживеани во првичноста на бегството. На заминувачкиот чекор од детството, песните на Никола Маџиров нè среќаваат со клучалки, чевли , прозорци... И едно тело, речиси адолесцентно, со збунета насмевка на штотуку исчезнато дете. Меѓу два здива, тоа дете-човек непосредно ја чувствува сопствената преобразба низ слики, убедливи во контрастите меѓу неподвижното и движечкото, меѓу старото и она што ќе следува“ “[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Никола Маџиров, Заклучени во градот, Магор, 1999,