Прејди на содржината

Атанас Раздолов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Атанас Раздолов
Роден 1872 година
Берово, Косовски Вилает, Османлиска Империја
Починал 1931 година
Софија, Царство Бугарија
Занимање Револуционер и писател

Атанас Раздоловмакедонски револуционер и писател.

Биографија

[уреди | уреди извор]

Раздолов е роден во 1872 година во Берово, Малешевско, во семејството Топаловци. Уште млад, тој го напуштил родното место и заминал во Софија. Задоен со преродбенските и ослободителните борби во малешевскиот крај и наоѓајќи се во работничка средина во Софија, ослободителните идеи кај младиот Раздолов се издигнуваат на повисоко ниво. Тој ја поврзува националноослободителната борба со револуционерната борба на работничката класа. Познат е под псевдонимот „дедо Раздолчо“. Членувал во Македонскиот револуционерен социјалдемократски сојуз, основан од Васил Главинов.

Во 1901 година, тој бил затворен поради неговите пишувања за бугарскиот кнез Фердинанд.

За време на Балканските војни, тој бил доброволец во втората бригада од Седмата кумановска дружина на Македонско-одринскиот доброволен корпус на бугарската армија, со командирот потпоручник Георги Светогорски.[1]

Атанас Раздолов самиот си го одзема животот во Софија во 1931 година.

Творештво

[уреди | уреди извор]
Биста во градот Берово

Раздолов е автор на 15 книги, помеѓу кои се: „Песните на востаникот“ (1895), „Крвавиот исток и бездушна Европа“ (1889), „Пред министерските врати“ (1907), „Иднината на балканскиот полуостров“ (1914). Објавил и повеќе статии, стихови и брошури со револуционерна содржина. Дел од неговите брошури по курири биле испраќани во внатрешноста на Македонија, за потребите на Организацијата.

Пример од поезијата на Атанас Раздолов

[уреди | уреди извор]

Следната поема е извадок од „Песните на востаникот“.

Так в срцето македонско
да в‘згласим ниј борбата
срешту племе анадолско
да развием знамената

Нек покажем на турчина
на цинцарја и на грка
на б‘лгарина, на србина
и на всеки што ни брка

Че не ламптим за корони
за царштина и за слава
не штем да сме ниј барони
в македонската држава

Но се трудим да в‘ведем
братство, равенство, свобода!
трудим се да с‘здадем
љубов мила в народа!

Трудим се и верваме
че в борбата ште успеем:
надеждата не губиме
скоро песен ште запеем.

  1. Раздолов, А., Бѫдащето на Балканския полуостровъ, Варна, 1914, Печатница на Д. Тодоровъ, стр. 14

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]