Бранко Цветкоски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бранко Цветкоски
Бранко Цветкоски.jpg
Роден/а 21 јуни 1954
Македонија, Слатино, Охридско, Македонија
Занимање поет, литературен критичар, преведувач, новинар, публицист, издавач, менаџер во културата

Бранко Цветкоски (Слатино, Охридско, 21 јуни 1954) е македонски поет, литературен критичар, есеист, преведувач, публицист и издавач.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Роден е на 21 јуни 1954 годинa во с. Слатино, Дебарца. Завршил Филолошки факултет при универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје.

Бранко Цветкоски има богато работно искуство. Така, тој работел како новинар во весникот „Нова Македонија”, а исто така, бил главен уредник на книгоиздателството „Култура“, секретар на Друштвото на писателите на Македонија, претседател на манифестацијата „Рацинови средби”, директор на Македонскиот народен театар, уредник и главен уредник на списанието „Стремеж“ од Прилеп, еден од основачите на Балканската книжевна фондација „Балканика“, основач, директор и главен уредник на издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје, уредник-продуцент во Македонската информативна агенција (МИА), член на уредувачкиот одбор на едицијата „Македонска книжевност во 130 тома“ и на едицијата „Превод на литературни дела што добиле Нобелова награда“, како и директор на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје. Цветкоски живее во Скопје.


Цветкоски е член е на Македонскиот ПЕН центар и на Друштвото на писателите на Македонија, почесен член на Сојузот на бугарските писатели, член на Словенската литературна и уметничка акдемија со седиште во Варна (Бугарија) и нејзин кординатор за Македонија, член на Академијата на убавите уметности - Вевчани. Учествувал на книжевни фестивали, книжевни средби и на собири на интелектуалци во: Бугарија, Турција, Грција, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Германија, Италија, Романија, Молдавија, Русија, Полска, Кина, Црна Гора, Словачка, Чешка, Азербејџан, Украина, Унгарија, Шведска итн.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • „Свијок“ (поезија, 1981)
  • „Високи ветрови“ (поезија, 1985)
  • „Пластови и глас“ (критики, 1989)
  • „Пресна пепел“ (поезија, 1990),
  • „Возбудени македонски дијалози“ (интервјуа, 1990)
  • „Подарена сол“ (избор поезија, 1991)
  • „Обетки од ѕвезди“ (поезија за деца, 1991)
  • „Дела и доблести“ (критики и есеи, 1992)
  • „Молитвен веј“ (поезија, 1993)
  • „Не отвора секогаш тој - зборот“ (тематски број на "Стремеж", 1993)
  • „Небесни места“ (аудио касета, 1996)
  • „Критички загледувања“ (критики и есеи, 1996)
  • „Повисоко од животот“ (критики и есеи, 1997)
  • „Синори“ (поезија, 1998)
  • „Ноќник“ (избор поезија, 1998)
  • „Ек и одек“ (критики и есеи, 1999)
  • „Името. Родот. Имотот“ (поема, 2000)
  • „Скрб“ (поезија, 2003)
  • „Имиња и теми“ (критика и есеи, 2004)
  • Земја за зобање“ (поезија, 2006)
  • „Вечноста и мигот“ (критика и есеи, 2008)
  • „Стреа на ветровите“ (избор поезија, 2009)
  • Оган во обрачи“ (избор, во рамките на Едицијата 135 томови македонска книжевност“), 2013
  • „Поезија“, заедничко издание со босанскиот поет Абдулах Сидран, како носители на Книжевниот жезол на ДПМ за 2014 година
  • Избрани дела во шест тома, 2014;
 1.(„Молитвен веј“ - поезија, предговор: Санде. Стојчевски)
 2.(„Оган во обрачи“ - поезија, предговор: акад. Героги Старделов)
 3.(„Повисоко од животот“ - избор од есестиката на Цветкоски посветена на македонската поезија)
 4.(„Поезија - пајажина“ - 38 есеи, огледи и критики за творештвото на Цветкоски)
 5.(„Јазиците на песната“ - седум книги од Цветкоски објавени на азерски, албански, англиски, арапски, бугарски, грчки и монголски)
 6.(„Јазиците на песната“ - осум книги од Цветкоски објавени на полски, романски, српски, руски, турски, украински, хрватски и шведски јазик.
  • „Симеон Радев“ (публицистика), 2015;
  • „Книжевни беседи“ (беседи, есеи, толкувања), 2016;

Препеви и преводи (селективен преглед)

  • Далеку во нас, избор од поезијата на Васко Попа, 1994;
  • Земна светлина, избор од поезијата на Миле Стоиќ, 1988;
  • Вечерен праг, избор од поезијата на Петар Караангов, 1999;
  • Историја на Византија (од Г. Острогорски, коавтор), 1992.
  • Историја на стариот Рим (од Н.А. Машкин, коавтор),1995;
  • Пресудни настани, избор од поезијата на Анте Стамаќ, 2000;
  • Метафизика на самракот, избор од поезијата на Радмила Лазиќ, 2001;
  • Кога господ одеше по земјата, од Никола Радев, 2003;
  • Балада за љубовта од Димитар Христов, 2004;
  • Лажни времиња, од Васил Кинов, 2004;
  • Законите на љубовта, од Евгенија Јорданова, 2004;
  • Небесни пасишта од Милена Караангова, 2005;
  • Страв, од Тошо Тошев, 2005;
  • Цената, од Марко Семов, 2005;
  • Остар зрак, од Иван Есенски, 2005;
  • Провиденија, од Владимир Луков, 2006;
  • Отворен круг, од Петар Андасаров, 2006;
  • Бакнеж во пештера, од Венко Евтимов, 2006,
  • Благословена, од Иван Дочев, 2006;
  • Молитва за Македонија, од Евтим Евтимов, 2007;
  • Крстопат на ветровите, од Николај Шопов, 2007;
  • Небесна и земна, од Иван Гранитски, 2009;
  • Живи ѕвезди, од Николај Шопов, 2008;
  • Голи Оток - остров на смртта, од Венко Марковски, 2009;
  • Медот на поезијата, од Роза Бојанова, 2009;
  • Камен во погрешни раце, од Срба Игњатовиќ, 2009;
  • Избор од поезијата на Љубомир Левчев, носител на "Златен венец" на Струшките вечери на поезијата, 2010;
  • Каприциозната игра на времињата од Љубомир Левчев, 2011;
  • Жестокиот прстен од Гео Милев, 2011;
  • Линија на времето од Максим Замшев, коавтор, 2011;
  • Кафе носталгија, есеи од Миле Стојиќ, 2013.
  • Разговор со молкот, поетски избор од Бојан Ангелов, 2014;
  • Коработ, роман од Здарвка Евтимова, 2017;


Книги од Цветкоски на други јазици:

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

  • Млад Борец“, Награда на истоимениот весник, за дебитантската книга "Свијок", 1982;
  • „Браќа Миладиновци“, Национална награда на Струшките вечери на поезијата, за стихозбирката "Молитвен веј", 1993;
  • Златно перо“, награда на Сојузот на литературните преведувачи на Македонија, за препевот на поезијата на Васко Попа, 1994;
  • Григор Прличев“, Награда за најдобра поема, за текстот „Името.родот.имотот“, 1999;
  • Христо Ботев“, Меѓународна награда, Враца - Софија, 2000.
  • „Наџи Нааман“, Либанска меѓународна книжевна награда, за поетски опус од европски автор, 2004.
  • „Орфеева лира“, Награда на истоимената Европска академија за култура од Бугарија, 2005.
  • „Григор Прличев“ – Награда на Сојузот на литературните преведувачи за најдобро преведена книга во 2007 година, за препевот на збирката „Крстопат на ветровите“ од бугарскиот поет Николај Шопов, 2008.
  • Димитар Митрев“ - Награда за критика и есеистика на Друштвото на писателите на Македонија, 2009.
  • „Шахмар Акперзаде“ - (Азербејџан), 2009.
  • „Европски орден за заслуги во културата и уметноста“, (Совет за општествени награди на Обединетите Нации), Женева,2009.
  • Свети Климент Охридски“, за долгогодишни остварувања во областа на културата и уметноста од интерес за Република Македонија, 2009.
  • Орден "Владимир Мајаковски", меѓународно признание на Московската организација на Сојузот на писателите на Русија, 2011.
  • Главната награда „Летачко перо“ на Петтиот меѓународен поетски фестивал на словенските земји „Славјанска прегратка“, Варна, 2011.
  • Орден „Златна есен - Сергеј Есенин“, признание на Сојузот на руските писатели (Московска организација), 2012.
  • Орден „Михаил Ј. Лермонтов“, признание на Сојузот на руските писатели (Московска организација), 2012.
  • 13 Ноември“ - Награда на градот Скопје, за долгогодишни остварувања во културата и уметноста, 2012.
  • „Книжевен жезол“ - Награда за творечки опус на Друштвото на писателите на Македонија, 2013

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Republičkata zaednica na kulturata (1993). Sovremenost: literatura, umetnost, opštestveni prašanja (42 издание). kn-vo "Kočo Racin".