Владо Малески

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Владо Малески
Споменик на Малески во неговиот роден град Струга
Роден/а5 септември 1919
Струга
Починат/а23 септември 1984(1984-09-23) (воз. 65 г.)
Струга
ПсевдонимТале
Занимањеписател, сценарист, дипломат
Значајни делаДенес над Македонија, Фросина
ДецаДенко Малески

Икона за портал Портал: „Книжевност

Владо Малески (5 септември 1919 - 23 септември 1984) — истакнат македонски писател, општествено-политички работник, издавач и револуционер. Автор е на текстот на македонската химна Денес над Македонија. Роден е во Струга. Основно образование завршил во Скадар, Албанија, а гимназија во Битола. Студирал на Правниот факултет во Белград, но поради избувнувањето на Втората светска војна ги прекинал студиите. Бил учесник во НОБ на Македонија и е еден од најталентираните основоположници на современата македонска проза. Бил директор на Радио Скопје и уредник на списанијата „Нов ден“, „Современост“ и „Разгледи“. Работел во дипломатската служба како амбасадор во Либан, Етиопија и Полска и бил член на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија. Станал член на Друштвото на писателите на Македонија во 1946 година. Исто така, автор е на сценариото за првиот македонски игран филм „Фросина“. Добитник е на наградите „11 Октомври“, „4 Јули“, „АВНОЈ“, за книжевен опус на издавачкото претпријатие „Мисла“ и „Рациново признание“.[1]

Литературно творештво[уреди | уреди извор]

  • Ѓурѓина алова (раскази, 1950)
  • Бранувања (раскази, 1953)
  • Она што беше небо (роман, 1958)
  • Војната, луѓе, војната (роман, 1967)
  • Разбој (роман, 1969)
  • Разгледи (статии, коментари, полемики, 1976)
  • Кажувања (раскази, 1976)
  • Записи на Езерко Дримски (роман, 1980)
  • Јазли (роман, 1990)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 146.