Разгледи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Разгледи е македонско списание за литература и култура оформено во 1953-1954 година.

Историја[уреди | уреди извор]

Првиот самостоен број на списанието „Разгледи“ бил објавен на 21 август 1955 година во уредништво на Јован Бошковски. Претходно списанието било објавувано како подлисток на „Нова Македонија“. Од 1959-та година форматот и нумерацијата доживеале промени, а списанието почнало да излегува месечно. Во 1964 добива поднаслов - списание за литература, уметност и култура, а во 2005 поднасловот бил променет во - списание за литература, уметност, култура и духовност.

Списанието излегувало до 2011 година.

Уредници[уреди | уреди извор]

Главни и одговорни уредници на „Разгледи“ биле авторите:

1955 - Јован Бошковски

1957 - Владо Малески

1957 - Коле Чашуле

1964 - Димитар Солев

1971 - Петар Т. Бошковски

1977 - Благоја Иванов

1982 - Данило Коцевски

1987 - Александар Поповски

1990 - Данило Коцевски

2004 - Петар Волнаровски

Во уредувањето на „Разгледи“ учествувале авторите: Милан Ѓурчинов[1], Матеја Матевски[2], Атанас Вангелов, Александар Спасов, Влада Урошевиќ, Бранко Пендовски, Цане Андреевски и други[3]. Во периодот на книжевните полемики, „Разгледи“ се востановило како бастион на модернистите, како противтежа на списанието за литература „Современост“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Почина академик Милан Ѓурчинов“. конс. 19.12.2018. 
  2. „Матеја Матевски (1929-2018)“. 
  3. Котевска, Милка (2010). ПОВОЕНИТЕ МАКЕДОНСКИ ПИСАТЕЛИ низ страниците на периодиката во НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола. Битола: Национална установа – Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола. ISBN ISBN 608-4538-17-7 (10).