Гого Ивановски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Гого Ивановски (Скопје, 18 јануари 1925 - Скопје, 15 декември 2004)[1] — македонски поет и раскажувач.[2]

Завршил високо стручно образование. Работел како новинар во Радио Скопје, потоа како уредник во Македонската телевизија. Учествувал во уредувањето на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и книжевниот весник „Хоризонт“. Од 1946 г. членувал во Друштвото на писателите на Македонија.

Починал на 15 декември 2004 г. во Скопје.[3]

Творештво[уреди | уреди извор]

  • „За новата пролет“ (поезија, 1946)
  • „Стихови“ (1948)
  • „Лазарополе“ (поема, 1951)
  • „Песни“ (1953)
  • „Луѓе по патот“ (проза, 1953)
  • „Ден на деновите“ (проза 1953)
  • „Сенки на далечното“ (поезија, 1954)
  • „Глас“ (поезија, 1957)
  • „Несоници“ (поезија, 1960)
  • „Улица што била живот (лирска проза, 1963)
  • „Одбрани песни“ (1967)
  • „Избор“ (1973)
  • „Струга“ (поезија, 1958)
  • „Подземни води“ (поезија, 1958)
  • „Песни од третото доба“ (2000)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Почина писателот Гого Ивановски" (македонски). А1. конс. 2010-03-18. 
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 96.
  3. Котевска, Милка; Лидиjа Мирчевскаpublisher=Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. "Повоените македонски писатели". Битола. стр. 54. конс. 19 април 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]