Прејди на содржината

Јордан Плевнеш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јордан Плевнеш
Роден Јордан Цветановски
29 октомври 1953(1953-10-29)(72 г.)
Слоештица, НР Македонија, ФНРЈ
Роднини Љубе Цветановски (брат)
Владо Цветановски (брат)
Деца Константин и Илија

Јордан Плевнешмакедонски драмски писател и дипломат.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е на 29 октомври 1953 година како второ дете (постариот брат Љубе е роден 1949, а помладиот Владо 1959) во семејството на Симе Цветановски – Плевнеш, сирак, дрвар и борец кој учествувал на Македонскиот и Сремскиот фронт, и Трајанка Николова Кочовска, ткајачка, везачка и месачка во село Слоештица, Демирхисарско. По мајчина линија потомок, тој е на Илија Кочовски, надалеку прочуен народен раскажувач кој не знаел да пишува но оставил десет усни томови во Институтот за фолклор во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во Институтот за македонска книжевност, како уредник на „Мисла“, предавал творечко пишување на повеќе универзитети во Европа и Соединетите Држави, и бил амбасадор на Македонија во Франција.[1]

Добитник е на повеќе награди и признанија: награда на весникот „Студенски збор“, на 23 МЕС во Сараево награда за најдобар драмски текст, вонредна награда на Стерииното позорје и др.

Кон крајот на 2013 година, обновената зграда на Македонскиот народен театар, била отворена со премиера на неговата драма „Вечната куќа“, во режија на Дејан Пројковски.[2] Женет е со Лилјана, со која ги имаат синовите Константин и Илија.

Објавени книги

[уреди | уреди извор]
  • „Еригон“ (драма)
  • „Мацедонише цуштенде“ (драма)
  • „Југословенска антитеза“ (драма)
  • „Подземна Република“ (драма)
  • „Безбог“ (драма)
  • „Среќата е нова идеја во Европа“ (драма)
  • „Р“ (драма)
  • Вечната куќа“ (драма)
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 204.
  2. МНТ утре почнува со работа во новиот објект, премиера на „Вечната куќа“ Архивирано на 9 декември 2013 г. — Курир