Румена Бужаровска
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Румена Бужаровска — македонска писателка, книжевна преведувачка и професорка. Родена е во 1981 година во Скопје. Дипломирала, магистрирала и докторирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како вонреден професор по американска книжевност на англиската катедра при истиот факултет.
Објавила четири збирки раскази: Чкртки (Или-или, 2007), Осмица (Блесок, 2010), Мојот маж (Или-или, 2014) и Не одам никаде (Или-или, 2018) како и студија за хуморот во книжевноста За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот Блесок, 2012). Расказите ѝ се објавени во превод на англиски, хрватски, украински, српски и германски.
Се занимава со книжевен превод од англиски на македонски:
- Ладнокрвно Убиство - Труман Капоти;
- Животот и времињата на Мајкл К и Срамота - Џ.М. Куци;
- Алиса во светот на огледалото - Луис Карол;
- Бојата на песот што бега - Ричард Гвин.