Лилјана Дирјан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Лилјана Дирјан (Скопје, 1953 - Скопје, 13 декември 2017) — македонска писателка[1] и новинар. Таа е сопруга на македонскиот поет, есеист, драмски писател, раскажувач и преведувач Богомил Ѓузел.

Биографија[уреди | уреди извор]

Дирјан е родена во 1953 година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет при УКИМ во Скопје. Била на студиски престој во Париз, како стипендист на Француската влада и Фондацијата Губелкијан. Добитник е на наградите „Студентски збор“ (1980) и „Браќа Миладиновци“ (1985).[2] Преведувана е на повеќе јазици и застапена во бројни антологии на македонската современа поезија. Живее и работи во Скопје. Моментно е главна уредничка на списанието „Жена“ и е една од оснивачите и членка на Независните писатели на Македонија. Починала во Скопје на 13 декември 2017 година.[3]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Природна појава (Мисла 1980),
  • Жива мера (Наша книга, 1985),
  • Пелин поле (Мисла 1989), "Champ d'abisinthe", (на француски јазик), 1996, кај издавачот Est/Quest Internationales, Париз и
  • Тешка свила (Матица Македонска 1997).
  • Приватни светови (македонски претставник за меѓународната книжевна награда „Балканика“ за 2008 година[4])
  • Саѓе врз снегот (2007)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Republička zaednica na kulturata (1982). Sovremenost: literatura, umetnost, opštestveni prašanja (32 издание). Kn-vo "Kočo Racin". 
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 74.
  3. Почина македонската поетеса и новинарка Лилјана Дирјан
  4. Иванова, Тина. „Лилјана Дирјан - македонски конкурент за наградата „Балканика““, Утрински Весник, четврток, 24 јули 2008 (посет. 11 април 2011 г). (на македонски)