Прејди на содржината

Методи Манев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Методи Манев
Роден/а25 јануари 1953
Македонија Амзабегово, Македонија
Починат/а22 ноември 2008
Македонија Свети Николе, Македонија
ЗанимањеПисател

Методи Манев (1953-2008) — македонски писател, книжевен теоретичар и историчар, преведувач и културен деец[1].

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е на 25 јануари 1953 година во с. Амзабегово, Св. Николе, во работничко семејство. Завршил Филолошки факултет, група Историја на книжевностите на СФРЈ со македонски јазик. На истиот факултет магистрирал на темата „Митолошките елементи во прозата на Славко Јаневски“, а подоцна и докторирал на тема: „Поезијата и поетиката на Арсени Јовков“.

По кратко боледување починал на 21 ноември 2008 година во Св.Николе.

Има работено како професор по Македонски јазик и литература во Пробиштип и Свети Николе, бил носител на повеќе јавни функции, а 15 години бил директор во Домот на културата во Свети Николе. При тоа активно учествувал во реализацијата на над 1000 програмски содржини - голем дел од нив со национални и меѓународни димензии и вредности. Бил претседател на Заедницата на Домовите на културата на Република Македонија.

Го основал и раководел над 10 години со Младинското драмско студио „Глорија“ во Свети Николе со кое реализирал повеќе театарски и филмски проекти, дел од нив и од меѓународен карактер.

Членувал во Друштвото на писателите на Македонија и Претседателството на ДПМ.[2] Бил уредник во списанијата „Современост“ и „Стожер“, а членувал и во Издавачкиот совет на списанието „Книжевна академија“.

Неговите дела се преведувани на повеќе светски и словенски јазици. Самиот преведува од сите словенски јазици.

Бил член на Македонското друштво за наука од Битола, Македонското научно друштво од Скопје, како и основач претседател на Друштвото за наука, уметност и културна иницијатива во Свети Николе.

Добитник на наградата „14 септември“ на градот Свети Николе за особени достигања во областа на културата. Добитник е на Меѓународната книжевна награда „Магично перо 2005", Белград, 2005 г. Добитник е на повеќе награди за објавени книги, филмови и стручни трудови во земјава и странство.

Автор е на дваесет и пет монографски трудови од областа на книжевноста, книжевна критика и наука, а бил соавтор на четири монографски трудови. Има објавено над стотина статии од областа на книжевната наука, критика и општествена мисла. Учествувал на повеќе научни симпозиуми и трибини во Македонија и во странство (Словенија, Србија, Украина - на двапати). За книгата песни „Берачи на ѕвезди“ 1998 година ја добил наградата „Нарциса" на Поткозјачките средби во Куманово.

Во почетокот на 2003 година одбележал триесет години од своето творештво за што Домот на културата и Локалната самоуправа во Свети Николе организирале трибина за неговото творештво и од истата е издаден зборник на трудови.

Во македонската книжевна наука бил еден од првите проучувачи на поезијата на Никола Јонков Вапцаров.

Во неговиот книжевно-критички ангажман посебно внимание заземаат современите македонски автори за деца (Горјан Петревски, Томе Арсовски, Васил Тоциновски, Милутин Бебекоски, Радован П. Цветковски, Македонка Јанчовска и др.)

Има учествувано на повеќе семинари, симпозиуми и трибини од областа на книжевната наука:

  • Култура, савременост, синдикати, Титово Велење, 1989;
  • Македонската култура и литература, Киев, 1995;
  • Научниот собир „Арсени Јовков - живот и дело", Луково 16 и 17 октомври 1999 г. со трудот „Историската димензија на романот 'Илинден' од Арсени Јовков";
  • Живот и делото на Војдан Чернодрински
  • Научен симпозиум посветен на делото на Томе Саздов

Преведувал од сите словенски јазици. Ги преведувал Шевченко и Лесја Украинка од украински, Бертолт Брехт од германски, повеќе современи српски, словенечки и бугарски автори.

Освен со книжевна се занимавал и со филмска дејност. Неговите алтернативни филмови биле добитници на повеќе државни и меѓународни награди, а повремено се занимавал и со театарска режија. Забележително е и неговото публицистичко и новинарско творештво.

Монографски, научни и стручни трудови

[уреди | уреди извор]

Монографски публикации

1. Ерxелија, монографија, МЗ Ерџелија,1981;

2. Кукулино - центар на Светот, книжевна студија, ДК „Крсте Мисирков", Свети Николе, 1999;

3. Книжевни студии и критики, ДНУКИ, Свети Николе, 2001;

4. 30 години Фолклорен ансамбл „Јанко Глигоров, Свети Николе, монографија, Свети Николе, 2003;

5. Поезијата на Ацо Шопов, Феникс, Скопје, 2003;

6. Домовите на културата во остварувањето на културната политика во Република Македонија, ДНУКИ, 2005.

II. Други трудови- дела од Методи Манев (белетристика, преводи и сл.)

Монографски трудови

1. Антидневник, роман, прво издание, Студентски Збор, Скопје,1982;

2. Антидневник, роман, второ издание, Студентски Збор, Скопје,1983;

3. Сираче/ Siroce, роман, двојазично издание, Сараево, 1985;

4. Да се убие подбивната птица, роман, Наша книга, Скопје,1989;

5. Судбината на поетот, поезија, Свети Николе, 1995;

6. Последното цвеќе на есента, збирка раскази, Дом на културата „Крсте Мисирков", Свети Николе,1997;

7. Боенка, Свети Николе, 1997;

8. Берачи на ѕвезди, поезија( награда „Нарциса"), Поткозјачки поетски средби, Куманово, 1998;

9. Кукулино - центар на Светот, книжевна студија, ДК „Крсте Мисирков", Свети Николе, 1999;

10. Сината патека на љубовта, роман, ДНУКИ, Свети Николе, 2000;

11. Матуранти, комедија, ДНУКИ, Свети Николе, 2000;

12. Кој тропа на мојата врата, драма, ДНУКИ, Свети Николе, 2001;

13. Детството на дланка, поезија, ДНУКИ, Свети Николе, 2002;

14. Бела смрт- White death, драма, ДНУКИ, Свети Николе, 2002;

15. Корени на животот, корени на смртта, роман,(електронско издание), сп. Критика, Београд, 29.01, 2003[3];

16. Корени на животот, корени на смртта, роман, ДНУКИ, Свети Николе, 2003;

17. 30 години Фолклорен ансамбл „Јанко Глигоров"- Свети Николе, ДК „Крсте Мисирков"- Свети Николе, 2003;

18. Корени на животот, корени на смртта,второ издание, роман, ДНУКИ, Свети Николе, 2003;

19. Корени на животот, корени на смртта, трето издание, роман, ДНУКИ, Свети Николе, 2004;

20. Корени живота, корени смрти, издавач ЕСТАРТ, Београд, 2005;

21. Време на смртната љубов, роман, 2006

22. Кога цутеа јоргованите, драма, 2006

23. Ивана, монодрама, 2008

Соавторства:

1. Распеана младост, алманах, Литературен клуб КО-РА, Скопје, 1975;

2. Копнеж, алманах, ДК „Крсте Мисирков", Свети Николе, 1990;

3. Заробенции на зборот, алманах, ДК „Крсте Мисирков", Свети Николе, 1991;

4. Неисплакани, алманах, ДК „Крсте Мисирков", Свети Николе, 1992;

Позначајни преводи:

1. Нина Мазур, Современиот авангарден театар во Украина, сп. СУМ, лето 95, Штип;

2. Лесја Украинка: Ѕвездено небо, Без наслов, Последната песна на Марија Стјуарт, Нова Македонија;

3. Лесја Украинка, Пев ( во Стожер)

4. Бертолт Брехт, Заскитаната старица, сп. СУМ, зима 97/98, Штип

5. Леон Даниел, „Дијалектичкиот театар на Брехт", сп. СУМ, зима 97/98,Штип

6. Евтим Евтимов, поезија, Современост, бр. 1, 2004;

7. Елисавета Касабова, Современост, бр. 1, 2004;

За животот и делото на Манев

[уреди | уреди извор]

Монографски труд за Методи Манев

1. Методи Манев - 30 години творештво, Зборник на трудови од Трибината одржана на 27 март 2003 г., ДК Свети Николе, 2004;

Изведувани драмски текстови

1. Ние сме кока кола генерација,МДС „Глорија" Свети Николе, 1995;

2. Кој тропа на мојата врата, МДС „Глорија", Свети Николе, 1998, МДС Виница, 2002;

3. Матуранти, „Камчиња" М.Каменица, 1999; МДС Злетово, 2002;

4. Адолесценти, МДС "Глорија", Свети Николе, 2000;

5. Итар Пејо и Настрадин Оxа повторно меѓу живите, МДС „Глорија", Свети Николе, 2001;

6. Стојанче и Тахир, Македонско-ромски уличен театар, Свети нИколе, 2002;

7. Бела смрт, Младински културен форум, Свети Николе, 2002;

8. Кога цутеа јоргованите, ДК Свети Николе, 2004;

ТВ драми:

1. Кој тропа на мојата врата, МТВ, 1999;

2. Адолесценти, МТВ, 2000.

3. Кога цутеа јоргованите, МТВ 2005;

Алтернативини филмови

1. Згаснатата ѕвезда на пролетта, 1992 г. ( Трета награда на Државниот фестивал во Струмица и награда за најдобра женска улога), Филмско студио „Еделвајс" при ДК „Крсте Мисирков" од Свети Николе;

2. Петко, 1993; Филмско студио „Еделвајс" при ДК "Крсте Мисирков" од Свети Николе;

3. Квазимодо, 1993 (Гран при на Државниот фестивал во Свети Николе, награда за најдобро сценарио, најдобра машка и женска улога, за рафиниран филмски израз, учесник на Светскиот фестивал на аматерски филм во Холандија, 1996); Филмско студио „Еделвајс" при ДК „Крсте Мисирков" од Свети Николе;

4. Во април кога спијат ластовиците, 1994 (Прва награда на Државниот фестивал во Неготино, златна плакета за најдобро сценарио); Филмско студио „Еделвајс" при ДК „Крсте Мисирков" од Свети Николе;

5. Не тропај на мојата врата, 1995; Филмско студио „Еделвајс" при ДК „Крсте Мисирков" од Свети Николе;

6. Копнежот наречен мајка, 1996 (Втора награда на Државниот фестивал во Берово, награда за најдобра женска улога, учесник на ЖИСЕЛ во СРЈ и добитник на Златен сончоглед за најдобра монтажа); Филмско студио „Еделвајс" при ДК „Крсте Мисирков" од Свети Николе;

7. Невестински полевак, 1997 (учесник на ЖИСЕЛ- Златен сончоглед за најдобра монтажа, специјална награда за фолклорни мотиви);Филмско студио „Еделвајс" при ДК „Крсте Мисирков" од Свети Николе;

ТВ филмови

1. Сината патека на љубовта (61 мин.),Филмско студио „Еделвајс", 1992;

ТВ Документарни емисии од областа на фолклористиката и митологијата

2. Со гајдата на Дедо Ангел, 60 мин. Независна продукција, 1998;

3. Бериќет, (Невестински полевак и Земјоделска нова година (60 мин),ТВ Свет, 2001;

4. Говедар камен, ТВ Свет, 2002;

5. Гајдата на Дедо Ангел, ТВ Свет, 2002;

6. Мистеријата на Ѓаволскиот Ѕид, ТВ Свет, 2003;

7. Тодорица - традиција и фолклор, ТВ Свет, 2004;

  1. „Почина писателот Методи Манев“. Вечер. 24 ноември 2008.[мртва врска]
  2. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 147 - 148
  3. Лазова, Милена (2003). „МАКЕДОНСКО ДЕБИ ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ИЗДАВАШТВО“. www.old.makedonskosonce.com. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help).