25 јануари
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Шаблон:Јануари 2019 25 јануари е 25-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 340 денови до крајот на годината (341 во престапна).
Настани:
| 1533 | Англискиот крал Хенри VIII се ожени со Ана Болејн, спротивно на ставот на папата кој не му дозволи развод од првата сопруга Катарина Арагонска. |
| 1579 | Во Утрехт побунетите покраини Холандија, Зеланд, Утрехт, Гелдерланд, Фризија, Гронинген и Оверејсел, поради пропаднатите обиди за смирување со шпанската управа, создадале Утрешки сојуз за борба против Шпанија. |
| 1904 | Излезе првиот број на белградскиот весник „Политика“. |
| 1918 | Со цел да згасне контрареволуционерната побуна создадена е Црвената армија. |
| 1924 | Во францускиот град Шамони почнаа првите зимски Олимписки игри. |
| 1942 | Втора Светска војна: Тајланд им објави војна на Велика Британија и САД. |
| 1955 | Президиумот на Врховниот совет на СССР издаде указ за окончување на воената состојба меѓу СССР и Германија. |
| 1971 | Во Уганда е извршен воен удар, по што на чело на државата доаѓа Иди Амин. |
| 1991 | Македонското собрание ја усвојува Декларацијата за сувереност на Социјалистичка Република Македонија. |
| 1996 | Парламентарното собрание на Советот на Европа одлучи да ја прими Русија наспроти острите критики поради воената интервенција во Чеченија. |
| 1996 | Република Македонија и Белизе воспоставија дипломатски односи. |
Родени:
| 750 | Лав IV Хазар — византиски цар. |
| 1493 | Максимилијан Сфорца — милански војвода. |
| 1627 | Роберт Бојл — ирски физичар и хемичар. |
| 1736 | Жозеф Луј Лагранж — италијански математичар и астроном. |
| 1832 | Иван Иванович Шишкин — руски сликар. |
| 1843 | Амандус Шварц — германски математичар. |
| 1865 | Елизабета Маврикиевна — руска кнегиња. |
| 1874 | Вилијам Сомерсет Мом — англиски писател. |
| 1882 | Вирџинија Вулф — англиска писателка и есеистка. |
| 1899 | Гвидо Тартаља — југословенски писател. |
| 1927 | Едуард Шеварнаѕе — советски и грузиски политичар, претседател на Грузија. |
| 1931 | Ефтим Манев — македонски поет и преведувач. |
| 1933 | Корасон Акино — претседателка на Филипини. |
| 1938 | Владимир Висоцки — советски пејач. |
| 1938 | Ета Џејмс — американска пејачка. |
| 1942 | Еузебио — португалски фудбалер. |
| 1947 | Тостао — бразилски фудбалер. |
| 1953 | Дражен Мужиниќ — хрватски и југословенски фудбалер. |
| 1953 | Методи Манев — македонски писател. |
| 1958 | Алесандро Барико — италијански писател. |
| 1967 | Давид Жинола — француски фудбалер. |
| 1970 | Џејсон Ли — американски глумец. |
| 1975 | Тим Монтгомери — американски атлетичар. |
| 1977 | Стефан Миленковиќ — српски виолинист. |
| 1978 | Денис Мењшов — руски велосипедист. |
| 1981 | Тоше Проески — македонски пејач. |
| 1981 | Алиша Кис — американска пејачка. |
| 1983 | Аксел Седрик Конан — фудбалер. |
| 1984 | Робињо — бразилски фудбалер. |
| 1986 | Крис О’Грејди — англиски фудбалер . |
| 1987 | Марија Кириленко — руска тенисерка. |
- 1928 - Едуард Шеварнаѕе, грузиски претседател
- 1975 - Тим Монтгомери, американски атлетичар
- 1983 - Ексел Цедрич Конан, фудбалер од брегот на слоновата коска, кој настапува за Лече во Серија А
Починале:
| 844 | Грегориј IV — римски папа. |
| 1756 | Кристоф Томас Шефлер — германски фрескописец. |
| 1824 | Теодор Жерико — француски сликар и графичар. |
| 1896 | Фредерик Лејтон — англиски сликар. |
| 1920 | Амадео Модилјани — италијански сликар. |
| 1987 | Предраг Милосављевиќ — српски и југословенски сликар, дипломат и писател. |
| 1990 | Ава Гарднер — американска глумица. |
| 2015 | Демис Русос — грчки поп-пејач. |
| 2017 | Џон Херт — англиски глумец. |
- 1947 - Ал Капоне, американски гангстер
- 1990 - Ава Гарднер, американска актерка
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |