Основно образование завршил со родното село, потоа продолжил во гимназијата во Самоков. Заради учество во ученички марксистички кружок и ширење на марксистички идеи помеѓу учениците на гимназијата бил исклучен и принуден да го продолжи своето средно образование во Неврокоп, каде и го завршил во 1933 година. Не можејќи поради материјални тешкотии да продолжи на факултет, станал учител во Гега и за кусо време создал интернат за 100 сиромашни деца во селото. Од 1934 година Антон Попов бил член и на Бугарската комунистичка партија (БКП).
Во 1936 година се запишал во Државното високо училиште за финансии и административни науки во Софија, а есента 1937 година станува чиновник во Софиската општина. Во Софија работел и како новинар. Тој е еден од основачите на Македонскиот литературен кружок, формиран во 1938 година. Во тоа време ја напишал статијата „Дали постои македонска нација“, во која дава образложен позитивен одговор.
На почетокот на мај 1941 година е мобилизиран во 25 пешадиски полк на Беломорието. По нападот на нацистичка Германија врз СССР заедно со Никола Вапцаров стануваат членови на Воениот центар при ЦК на БКП, каде пројавил вонредна активност. По апсењето на Вапцаров на 4 март1942 година, набрзо, на 24 април бил уапсен и Антон Попов.[2]
Во судскиот процес против ЦК БРП на 22 јули е осуден на смрт и на 23 јули, заедно со Никола Вапцаров и четворица други бугарски комунисти, е стрелан на софиското гарнизонско стрелиште.
Во негова чест, Петричкиот партизански одред, формиран на 24 мај1944 година, е наречен по него.
Пресудата против македонскиот поет Антон Попов. На крајот од обвинението стои и тоа дека Антон бил автор на текст за Гоце Делчев, во кој пишувал за борбата на Македонците за посебна независна држава.
Весникот "Македонско знаме" (од 23 јули 1945) со страница посветена на тројцата Македонциː Антон Попов, Никола Вапцаров и Атанас Романов. Статијата е напишана од Михаил СматракалевАвтор на статијата е Михаил Сматракалев'„Беснееја на македонската земја разни господари. Срби, Турци, Грци, Бугари... Тогаш, од македонската нива сите тие береа. До денеска само на еден правото не го признаа. Правото на Македонецот да ја ора својата земја и единствено тој да го бере плодот од својата нива. Стариот господар на таа земја, правото на големиот македонски дух - не беше признат.
Историјата на човештвото е полна со неправди...
...Кој ги инспирира настојувањата да се избрише македонското сознание, македонското име,- да не го признаваат правото на македонскиот народ да биде господар и чувар на својата родна земја?... Кој ги поттикнува нивните свирепи мерки, нивното цврсто решение? Кој ги поддржува и оправдува нивните настојувања-плен на угнетување да бидат нивните славјански браќа?
(Извор: Антон Попов „Дневник“, Млада Македонија, 1938 г.).