Симон Дракул

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Симон Дракул
Simon Drakul.jpg
Роден/а 24 септември 1930
Македонија Лазарополе, Македонија
Починат/а 11 јануари 1999(1999-01-11) (воз. 68 г.)
Македонија Скопје, Македонија
Занимање Писател, Историчар, Преведувач

Симон Дракулмакедонски раскажувач, романописец, драмски автор, сценарист, историчар, преведувач.

Биографија[уреди | уреди извор]

Негова биста во родното Лазарополе

Роден е во Лазарополе на 24 септември 1930 година. Починал во Скопје на 11 јануари 1999 година. Гимназија учел во Охрид и во Скопје. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филозофски науки. Работел во весниците „Млад борец“ и „Нова Македонија“, бил уредник во издавачката куќа „Кочо Рацин“ и директор на драмата во Македонскиот народен театар во Скопје. Член на редакцијата на списанието „Современост“. Бил научен советник во Институтот за национална историја на Македонија. Бил претседател на ДПМ. Член на ДПМ од 1953 година. [1]

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Планините и далечините (раскази, 1953)
  • Витли во поројот (раскази, 1956)
  • И ѕвездите паѓаат сами (роман, 1957)
  • Белата долина (роман, 1962)
  • Буни (триптих: повест, роман, драма, 1980)
  • Распаќа (раскази, 1985)
  • Архимандрит Анатолиј Зографски (монографија, 1988)
  • Или смрт, тетралогија: Глужд, Јас Георги Николов Делчев, Полноќна чета, Кобно место (1989), Жедна месечина (роман, 1997), Апостол војводата (монодрама, 1998)

Награди[уреди | уреди извор]

  • „Кирил Пејчиновиќ“
  • „Рациново признание“[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Симон Дракул - биографија
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 81.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]