Преместен камен

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Преместен камен“
АвторНикола Маџиров
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
ЖанрПоезија
ИздавачМагор
Издадена
2007
Медиумпечатено издание
Страници78
ISBN978-9989-183-12-6

„Преместен камен“ е петтата збирка на поезија на современиот поет и писател, Никола Маџиров издадена во 2007 година, издание на издавачката куќа „Магор“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Поетската книга Преместен камен е збирка на песни од лично време и личен простор. Токму така тој го пронаоѓа патот од личното кон универзалното. „Во неговата поезија има премин од постоење кон непостоење, од дофатно во недофатно, се согледува вистинската вредност на нештата... Поетскиот субјект од песните на Маџиров станува дел од една полицентрична структура која се изразува преку релацијата со Другиот и другоста...“ пишува Гоце Смилевски во својата рецензија за делото. “[1] За збирката Преместен камен на поетот во 2007 му беше доделена високата награда „Хуберт Бурда“, признание кое се доделува на млади поети од Источна и Централна Европа, а во жирито е еден од најголемите современи автори, Петер Хандке.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Никола Маџиров, Преместен камен, Магор, 2007,стр. 69