Асфалт, но небо

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Асфалт, но небо“
АвторНикола Маџиров
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
ЖанрХаику поезија
ИздавачТемплум
Издадена
2003
Медиумпечатено издание
Страници130
ISBN9989-902-23-2

„Асфалт, но небо“ е првата хаику збирка на поезија на современиот поет и писател, а втора збирка поезија, Никола Маџиров издадена во 2003 година, издание на издавачката куќа „Темплум“.

Содржина[уреди | уреди извор]

Поетската книга хаику Асфалт, но небо е поезија која дише со едноставност и концизност, Токму како што треба да е едно хаику. 17 слогови во еден здив. За збирката Александар Прокопиев има напишано:„Дарбата да се проникне во бескрајната гравитација на т.н. „мали нешта“ на временскиот и предметен ситнеж кој секојдневно се случува во нашиот живот( како што секој ден на земјата паѓаат 2 кг сончева светлина), останува иста. Секој, а особено пишувачот на хаику, поседува во себе апарат за читање на мислите и чувствата, иако понекогаш хаикуто може да изнедри и со затворени очи. Никола Маџиров несомнено ја поседува таа дарба. Тој умее во несогледливиот репертоар на случки, доживувања да ги одбере оние кои ја задржуваат својата срж во 17 слогови, видени со еден природен и умен поглед... “ “[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Никола Маџиров, Асфалт, но небо, Темплум, 2003,стр. 131