Прејди на содржината

Александар Прокопиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Прокопиев
Александар Прокопиев во 2012 година
Роден/а24 февруари 1953(1953-02-24)(73 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Занимањеписател
НационалностМакедонец
НародностМакедонец

Александар Прокопиев (Скопје, 24 февруари 1953 ) — македонски прозаист, раскажувач, есеист и поет.[1]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Тој бил оден во Скопје, на 24 февруари 1953 година. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот Факултет во Белград, на групата за компаративна книжевност и теорија на книжевноста. Тој работел во Институтот за македонска книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје.[2]

Тој е сновоположник на постмодернизмот во современата македонска книжевност.

Делата на Прокопиев се преведени на англиски, јапонски, француски, чешки, германски, унгарски, полски, италијански, руски, српски и бугарски јазик.

Член е на Независните писатели на Македонија.

Творештво

[уреди | уреди извор]

Прокопиев е автор на следниве дела:

  • Младиот мајстор на играта“ (раскази), 1983
  • …или…“ (раскази), 1987
  • Пловидба кон Југ“ (раскази), 1988
  • Слово за змијата“ (раскази), 1992
  • Ars amatoria“ (раскази), 1998
  • Слика тркало“ (хаику), 1998
  • Дали Калимах беше постмодернист?“ (есеи), 1994
  • Патување на сказната“ (есеи), 1996
  • Антиупатства за лична употреба“, 1996/2000
  • Постмодерен Вавилон“ (есеи), 2000
  • Човекот со четири часовници“ (раскази), 2003
  • Борхес и компјутерот“ (есеи), 2005
  • Ѕиркачот“ (новела), 2007
  • „Човечулец: бајки од левиот џеб“, 2011
  • „Делфин“ (раскази), 2018
  • Синот-риба“ (раскази), 2020[3]
  • „Љубовни аматери“ (раскази), 2021

Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[4]

  • Добитник на книжевната награда „Балканика“[5] за 2010 година, за книгата „Човечулец“. Тој го освои првото место во конкуренција од истакнати имиња од повеќе европски земји: Здравка Евтимова од Бугарија, Дејан Стоиљковиќ од Србија, Мира Мекси од Албанија, Христос Економу од Грција, Ома Станеску од Романија и турската писателка Асли Ердоган.
  • Номиниран за книжевната награда „Балканика“[6] во 2007 година, за новелата „Ѕиркачот“.
  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 218.
  2. „Александар Прокопиев - Биографија“. Архивирано од изворникот на 2010-11-07. Посетено на 2009-11-05.
  3. Прокопиев, Александар (2017). Синот-риба: (ситуации). Скопје: Авант прес. ISBN 978-608-4823-09-4.
  4. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 115-118.
  5. „Александар Прокопиев доби „Балканика" за „Човечулец". utrinski.com.mk. Посетено на 2025-09-27.
  6. „„Ѕиркачот" на Александар Прокопиев објавен во Словенија“. Нова Македонија. 2023-02-04. Посетено на 2025-09-27.