Фолклористика

Од Википедија — слободната енциклопедија

Фолклористика е наука која се занимава со проучување на фолклорот. Што впрочем влегува во фолклор е предмет на спор дури и во рамките на оваа дисциплина, но воопштено може да се рече дека фолклорот се задржува на уметничкиот израз кој се пренесуван во рамките на една група. Низ историјата, фолклорот се пренесувал усмено (од колено на колено) во облик на приказни, сказни, митови и други народни умотворби, или пак, како што е случај со материјалната култура, по пат на обичаи и традиции (на пр. носии, предмети и сл.)

Научниците кои се занимаваат со фолклористика се нарекуваат фолклористи. Во Западниот свет, во доцниот XIX и раниот XX век тие често се нарекувале „антиквари“ („старинари“). Оние научници кои особено проучуваат митови се нарекуваат „митолози“.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]