Душко Наневски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Душко Наневски бил македонски поет, литературен критичар и есеист.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Наневски е роден во село Шлегово, Кратовско на 17 јуни 1929 година. Завршил Филозофски факултет.

Работел како виш научен соработник во Институтот за македонска литература во Скопје. Починал 1998 година.

Член на ДПМ од 1959 година.

Бил уредник на списанието „Современост“.

Автор е на делата: Македонска поетска школа (есеи и критики, 1977), Раѓање на метафората (поетски истражувања, 1982), Самовилското коњче (македонски бајки, авторизирана верзија, 1978), Знаци од азбуката (елиптики, поезија, 1982), Поетот Рацин (монографија, 1983), Критички илуминации (есеи и критики, 1984), Охридска поема (поезија, 1985), Поетика на јазикот - етиди (1988), Интегрална поетика (1993). Ги подготвил антологиите: Љубовни народни песни (1971) и Црниот славеј (антологија на современата македонска поезија, 1977). Добитник е на наградите“ „Кочо Рацин“ и „Златен венец“ на експерименталните сцени во Сараево за сценската верзија „Димна Јуда“ (1974).

Наводи[уреди | уреди извор]


  1. Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 173.