Александар Спасов
| Александар Спасов | ||
| Роден | 18 август 1925
Скопје, Кралство СХС | |
|---|---|---|
| Починал | 27 мај 2003 (возр. 77) Скопје, Македонија | |
| Националност | Македонец | |
| Народност | Македонец | |
| Занимање | книжевен критичар, книжевник | |
Александар Спасов (18 август 1925 , Скопје - 27 мај 2003 , Скопје) — македонски книжевен критичар, книжевник и професор, член на МАНУ.
Образование и работен век
[уреди | уреди извор]Се школувал во Велес и во Скопје, каде што дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет. Работел во „Млад борец“ (1945), „Нова Македонија“ (1946), во Средното медицинско училиште (1950), а од крајот на 1950 година тој бил во служба на Филозофскиот (Филолошкиот) факултет во Скопје, како асистент, доцент, вонреден и редовен професор. Предавал по предметите Македонска книжевност во XX век и Словенечка книжевност од втората половина на XVIII век до крајот на Првата светска војна. Бил продекан, шеф на катедра и прв директор на Семинарот за македонски јазик, литература и култура (1968 —1970). Тој бил учесник во НОБ, почнувајќи од 1941 година. Заземал разни функции во СКОЈ и СКМ. Во 1972 година е избран за дописен, а во 1976 година — за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите.
Научна дејност и творештво
[уреди | уреди извор]Се занимавал особено со проучувања од областа на македонската книжевност во XIX и XX век, потоа, со новата словенечка книжевност и компаратистика. Повеќе од три децении делува и како книжевен критичар и есеист. Во својство на гостин-професор предавал во Минхен (1965) и Келн (1970). Предавања и кратки курсеви држел во повеќе југословенски и странски универзитети: Белград, Загреб, Сараево, Нови Сад, Задар, Берлин, Хале, Стокхолм, Упсала, Гетеборг, Лунд, Ленинград, Букурешт, Крајова, Виена, Салцбург, Инсбрук, Мериленд. Учествувал со реферати на конгреси, научни конферепции и симпозиуми во земјата и во странство: Прага, Варшава, Харвард, Бриксен (Бресаноне). Бил уредник на списанијата „Иднина“, „Разгледи“ и „Литературен збор“ (на ова списание бил главен и одговорен уредник две децении), а исто така, тој бил претседател на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература на СРМ, иа АКУД „Мирче Ацев“, на „Рациновите средби“, на издавачкиот совет на „Разгледи“, секретар па Друштвото на писателите на Македонија, член на управите на Сојузот на славистите на Југославија и на Сојузот на писателите на Југославија. Објавил редица книги, антологии, избори, студии, освен на македонски и на српскохрватски, словенечки, албански, турски, англиски, француски, германски, италијански, романски и други јазици.
Награди и признанија
[уреди | уреди извор]Двоен носител е па Орденот иа трудот со златен венец (1966, 1969), добитник е на Наградата ,,13 Ноември“ и иа повеќе повелби, плакети, споменици и благодарници.
- Родени во 1925 година
- Луѓе од Скопје
- Починати во Скопје
- Починати во 2003 година
- Добитници на наградата „13 Ноември“
- Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
- Учесници во НОБ
- Академици на МАНУ
- Југословенски академици
- Македонски универзитетски професори
- Југословенски универзитетски професори
- Македонски книжевни критичари
- Југословенски книжевни критичари
- Македонски уредници
- Југословенски уредници