Бојан Миовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бојан Миовски
Лични податоци
Роден на 24 јуни 1999(1999-06-24)(24 г.)
Роден во Штип, Република Македонија
Држава Македонија Македонија
Висина 1.89 м
Позиција Напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Абердин Абердин
Број 9
Младинска кариера
0000–2017 Брегалница Брегалница
2017 Работнички Работнички
2017Карабах (заем)
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2017 Брегалница Брегалница 7 (2)
2017–2018 Работнички Работнички 2 (0)
2018–2019 Македонија Ѓорче Петров Македонија Ѓ.П. 5 (1)
2019–2020 Ренова Ренова 25 (5)
2020–2022 МТК МТК 56 (15)
2022– Абердин Абердин 60 (27)
Репрезентација
2017–2018 Македонија Македонија 19 2 (1)
2020 Македонија Македонија 21 4 (1)
2021– Македонија Македонија 13 (1)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 27 август 2022
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 12 јуни 2022

Бојан Миовски (роден на 24 јуни 1999 г.) — македонски фудбалер, напаѓач на Абердин и на македонската репрезентација.[1]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Миовски ја започнал својата професионална кариера во дресот на Брегалница во 2017 година, кога на 18 годишна возраст дебитирал во Првата македонска фудбалска лига во натпревар против Ренова. Во мај истата година, тој го постигнал својот прв професионален погодок во поразот на домашен терен со 1-2 од Победа.[2] Во последното коло од пренството 2016-2017, во кое Брегалница со 6-2 го победила Работнички, Миовски забележал дури три асистенции за своите соиграчи. По испаѓањето на Брегалница, токму таа одлична партија го препорачува во летото 2017 да се пресели во Работнички.[3][4]

Сепак, во Работнички работите не се одвивале како што треба за младиот напаѓач и после само една сезона во која настапил само во два натпревари, Миовски го напуштил Работнички и се преселил во Македонија Ѓорче Петров, а од таму во средината на сезоната 2018-2019 отишол во Ренова, каде најпосле добил повеќе простор за игра.[5]

Во јули 2020 година, по истекот на неговиот договор со Ренова, Миовски потпишал за унгарскиот прволигаш МТК Будимпешта.[6][7] Миовски првиот гол за МТК Будимпешта во првата унгарска лига го постигнал на 3 октомври 2020 година против Будафок МТЕ.[8] На 1 ноември 2020 година, тој постигнал два гола во победата на МТК Будимпешта од 4–0 над Ујпешт.[9]

На 23 јуни 2022 година, Миовски потпишал четиригодишен договор со шкотскиот премиерлигаш Абердин.[10] Своето деби за Абердин го направил на 24 јули 2022, во победата со 3-0 над нисколигашот Реит Роверс во Лига купот на Шкотска, во која го постигнал својот прв гол за клубот од пенал и забележал асистенција за третиот гол. Првите голови во шкотското првенство ги постигнал на 6 август 2022, кога два пати ја затресол мрежата на Сент Мирен.[11] На 23 април 2023 година, тој постигнал гол во победата со 2-0 на домашен терен над еден од шкотските великани Ренџерс. Одличната прва сезона во дресот на Абердин, Миовски ја завршил со 16 постигнати гола, помагајќи му на клубот да заврши на третото место зад Селтик и Ренџерс и да се квалификува за Лига Европа за следната сезона.

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Миовски својот прв натпревар за државната репрезентација на Македонија до 21 година го одиграл на 8 октомври 2020 година против Казахстан, влегувајќи во игра од клупата за резервни играчи во 62. минута од натпреварот. Натпреварот завршил со гостинска победа на Македонија од 1–4.[12] Претходно тој имал два настапи за државната репрезентација на Македонија до 19 години, и постигнал гол во победата над Лихтенштајн од 6–0.

Своето деби за сениорската репрезентација на Македонија, Миовски го направил на 8 октомври 2021 година против Лихтештајн.[13]

Статистика[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 14 април 2023.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2016-2017 Македонија Брегалница ПМЛ 7 2 КМ 2 0 - - - - - - 9 2
јан.-јун. 2018 Македонија Работнички ПМЛ 2 0 КМ 0 0 - - - - - - 2 0
2018-јан. 2019 Македонија Македонија Ѓ.П. ПМЛ 5 1 КМ 1 0 - - - - - - 6 1
јан.-јун. 2019 Македонија Ренова ПМЛ 7 3 КМ 0 0 - - - - - - 7 3
2019-2020 ПМЛ 18 2 КМ 2 0 - - - - - - 20 2
Вкупно Ренова 25 5 2 0 - - - - 27 5
2020-2021 Унгарија МТК Будимпешта НБ1 26 7 КУ 3 2 - - - - - - 29 9
2021-2022 НБ1 30 8 КУ 1 2 - - - - - - 31 10
Вкупно МТК Будимпешта 56 15 4 4 - - - - 60 19
2022-2023 Шкотска Абердин ШПЛ 37 16 КШ+ЛКШ 1+4 0+2 - - - - - - 42 18
Вкупно во кариерата 132 39 14 6 - - - - 146 45

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бојан Миовски на WorldFootball.net
  2. „Брегалница - Победа 1-2“. 14 мај 2017. Посетено на 17 декември 2023.
  3. „Бојан Миовски потпиша тригодишен договор со Работнички“. fkrabotnicki.com. ФК Работнички. Посетено на 17 декември 2023.
  4. „Работнички го потпиша младиот напаѓач Бојан Миовски од Брегалница“. ekipa.mk. 28 јули 2017. Посетено на 17 декември 2023.
  5. „Бојан Миовски е нов играч на Ренова“. gol.mk. 30 декември 2018. Посетено на 17 декември 2023.
  6. „Miovski introduced in MTK“. mtkbudapest.hu. Посетено на 14 October 2020.
  7. Миовски и официјално дел од МТК: „Добивме одличен играч за повеќе позиции“ gol.mk; 15 јуни 2020
  8. ВИДЕО: Прекрасен прв гол на Миовски во унгарското првенство, МТК загуби во финишот gol.mk; 3 октомври 2020
  9. ВИДЕО: Миовски игра во одлична форма – го „отвори“, па со ефектен гол го „затвори“ Ујпешт gol.mk; 1 ноември 2020
  10. „Dons capture international striker“. afc.co.uk. ФК Абердин. 23 јуни 2022.
  11. . slobodenpecat.mk. 6 август 2012 https://www.slobodenpecat.mk/miovski-mu-dade-dva-gola-na-sent-miren-za-edno-poluvreme/. Посетено на 17 декември 2023. Отсутно или празно |title= (help)
  12. „uefa match report“. uefa.com. Посетено на 14 October 2020.
  13. „Liechstenstein v North Macedonia game report“. FIFA. 8 October 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]