Лукреција Борџија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лукреција Борџија
Дама од Песаро и Градара
Војвотка од Бишелие и Принцеза од Салерно
Војвотка на Ферара, Модена и Реџио
Портрет на жена од Бартоломео Венето, традиционално се претпоставува дека тоа е Лукреција Борџија
Портрет на жена од Бартоломео Венето, традиционално се претпоставува дека тоа е Лукреција Борџија
Сопруг Џовани Сфорца
Алфонсо
Алфонсо I
Потомци
Родриго Борџија
Еркол
Иполито II
Алесандро
Леонора
Франческо
Изабела Марија
Династија Борџија
Татко Родриго Борџија (Папа Александар VI)
Мајка Ваноза Катанеј
Роден/а 18 април 1480(1480-04-18)
Subiaco, Italy
Починал/а 24 јуни 1519(1519-06-24) (воз. 39 г.)
Ферара

Лукреција Борџија (18 април, 1480 - 24 јуни, 1519) била вонбрачна ќерка на Родриго Борџија, кој подоцна станал папа под името Александар VI, и неговата љубовница Веноза Катанеј. Нејзините браќа се Чезаре Борџија, Џовани Борџија и Хофре Борџија. Таа е член на моќната ренесансна фамилија Борџија. Во некои од изворите често се сугерираа дека Чезаре и Лукреција најверојатно имале инцестуозни односи [1].

Фамилијата на Ликреција во подоцнежниот период станала синоним за безмилосната политика и корупција која била карактеристична за папството за време на Ренесансата. Лукреција била жигосана како фатална жена и како таква е портретирана во многу уметнички дела, романи и филмови.

Меѓутоа многу малку, од изворите, се знае за животот на Лукреција, како и за степенот на нејзиното учество во политичката дејност на нејзиниот татко и браќа. Нејзината фамилија и организирале неколку брака со важни и моќни мажи, со цел фамилијата Борџија да стекне моќни сојузници и да ги оствари сопствените политички амбиции. Лукреција била во брак со Џовани Сфорца (господар на Пезаро), Алфонсо од Арагон (Војводата од Бисеглија) и Алфонсо Д' Есте (војвода од Ферара). Според традицијата, Алфонсо од Арагон бил незаконски син на кралот на Неапол и бил убиен од страна на Чезаре откако го изгубил своето политичко значање.

Извори[уреди | уреди извор]

  1. The Borgias by Ivan Cloulas, p. 52