Чарлс Стариџ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Чарлс Стариџ
Роден(а)24 јуни 1951 (1951-06-24) (70 г.)
Лондон, Англија
Занимањефилмски режисер, ТВ режисер
Активен период1968 - 1975 (како глумец)
1978 - (како режисер)
СопружникФиби Николс (1985-)

Чарлс Стариџ (англ. Charles Sturridge) (р. 24 јуни 1951) е англиски сценарист, продуцент, сценски директор, телевизиски и филмски режисер.

Животопис[уреди | уреди извор]

Младост[уреди | уреди извор]

Стариџ е роден во Лондон, Англија во семејството на Џером Стариџ и Алисон Боуман Воган[1]. Се школувал во Стоунихарст Колеџ.[2]

Кариера[уреди | уреди извор]

Стариџ започнал да работи како глумец, но само за крактко време. Во 1968 играл мало момче во филмот „ако....“ од Линдзи Ендертон и ја толкувал улогата на младиот Едвард VII во филмот „Едвард Седми“. Во неговите рани 20-ти години режирал епизоди на „Коронејшн Стрит“, „Незнаници“, „Светот во акција“, „Крунски суд“ и „Воени пленови“,[3]. Се стекнал со светско реноме со неговата ТВ адаптација на романот „Враќање во Брајдсхед“ од Ивлин Во.

Од тоа време, па наваму режирал филмови како „Грст прав“, „Туѓинско поле“, „Таму каде ангелите се плашат да одат“, „Бајка: Бистинска приказна“ заснована на контроверзијата Котинглиски вили, „Тркачи“ од Стивен Пољакоф, римејк на детската класика „Леси“ и лирски извајаниот црно-бел сегмент „Ла Форца дел Дестино“ од „Арија“.

Стариџ продолжил да твори значајни дела за телевизија со „Бекет на филм“, дел од колаборативниот проект за филмување на сите драмски дела на Семјуел Бекет[4] со Ентони Мингела, Мајкл Линдзи-Хог, Нил Џордан и Патриција Розема. Исто така го режирал и високоценетиот минисеријалГуливеровите патувања“ е БАФТА-добитните „Географска должина“ и „Шеклтон“.

Личен живот[уреди | уреди извор]

Стариџ се оженил со Фиби Николс, глумица од „Враќање во Брајдсхед“, на 6 јули 1985,[1][5] и има три деца.[6] Нивниот најстар син, Том Стариџ е глумец како родителите.

Избрана филмографија[уреди | уреди извор]

Режисер[уреди | уреди извор]

Глумец[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „FilmReference.com“. Charles Sturridge Biography (1951-). Посетено на 2007. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. „isbi.com“. Stonyhurst College Alumni. Архивирано од изворникот на 2008-03-09. Посетено на 2007. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. „British Film Institute“. Film & TV Database: STURRIDGE, Charles. Архивирано од изворникот на 2007-11-15. Посетено на 2007. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  4. „Library and Archives Canada“. Patricia Rozema Biographie. Архивирано од изворникот на 2006-11-22. Посетено на 2007. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  5. „Ancestry.com“. The Times, Marriages: 1982-2004. Посетено на 2007. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  6. „FindArticles.com“. How we met. Посетено на 2007. Укажано повеќе од еден |accessdate= и |access-date= (help); Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]