Работничка партија
Работничка партија | |
|---|---|
| Водач | Крсте Јанковски |
| Основана | 1990 |
| Распуштена | 2000 |
| Идеологија | Левица |
| Политика на Република Македонија Политички партии Избори | |
Работничката партија (РП) — поранешна левичарска политичка партија во Македонија.[1] Била основана на 24 јуни 1990 година. Нејзин претседател бил Крсте Јанковски.
На парламентарните избори во 1990 година РП добила 31.591 гласа (2,9%), но не освоила пратеничко место. На парламентарните избори во 1994 година РП добила 15.416 гласови (1,6%), а на локалните избори во 1996 година - 10.831 (1,4%) и шест советнички места. На парламентарните избори во 1998 РП учестувувала со листа од 35 кандидати на чело со Ѓуро Кешкец, при што освоила 1.528 гласови (0,14%). По изборите нејзината активност полека стагнирала, за по локалните избори во 2000 година, на кои настапила во коалиција со Комунистичката партија на Македонија целосно ги прекинува своите активности.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „СООПШТЕНИЕ НА РАБОТНИЧКАТА ПАРТИЈА КОЧАНИ“. Архивирано од изворникот на 2011-07-22. Посетено на 2011-01-10.
| Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |