Давид Алаба
Давид Алаба | |||
---|---|---|---|
Алаба настапува за Австрија во 2016 | |||
Лични податоци | |||
Полно име | Давид Олатукунбо Алаба[1] | ||
Роден на | 24 јуни 1992[2] | ||
Роден во | Виена, Австрија | ||
Висина | м[3] | 1,80||
Позиција | одбрана, среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Реал Мадрид | ||
Број | 27 | ||
Младинска кариера | |||
2001–2002 | СВ Асперн | ||
2002–2008 | Австрија Виена | ||
2008–2009 | Баерн Минхен | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009–2010 | Баерн Минхен II | 33 | (1) |
2010– | Баерн Минхен | 161 | (12) |
2011– | → Хофенхајм (позајмица) | 17 | (2) |
Репрезентација ‡ | |||
2007–2009 | Австрија под 17 | 20 | (5) |
2010 | Австрија под 19[4] | 5 | (1) |
2009–2010 | Австрија под 21 | 5 | (0) |
2009– | Австрија | 55 | (11) |
Давид Олатукунбо Алаба (24 јуни 1992 во Виена) — австриски професионален фудбалер кој настапува за бундеслигашот Баерн Минхен и фудбалската репрезентација на Австрија. Алаба е најмладиот играч кој настапил за австриската сениорска репрезентација, на натпревар во 2009 кога имал 17 години.[5] Може да игра на повеќе позиции, како централен играч од средниот ред, среден одбранбен играч, како и лево и десно крило, но најдобрите настапи ги забележал како лев бек.
Фудбалската кариера ја започнал во фудбалскиот клуб ФК Асперн, а на 10 годишна возраст се приклучил на младинската екипа на ФК Австрија Виена. Во летото 2008 преминал во младинската школа на Баерн Минхен, притоа настапувајќи за екипите до 17 и 19 години.[6] Бил пријавен во првата постава на Баерн за настапите од Лигата на шампионите во сезоната 2009-2010, кога одбрал да настапува со бројот 27.[7] За време на зимската пауза во сезоната 2010-2011 бил испратен на позајмица во ФК Хофенхајм 1899, кој исто така играл во германската Бундеслига.
Во сезоната 2011-2012 се вратил во Баерн Минхен, и оттогаш станал редовен првотимец. Првиот гол за Баерн го постигнал на 23 октомври 2011 во натпревар против ФК Хановер 96, кој Баерн го загубил со 1–2 на гостински терен. Истата сезона постигнал гол против Реал Мадрид во серијата пенали од полуфиналето од Лигата на шампионите, каде Баерн победиле. Но поради жолти картони, не настапил во финалето против Челзи каде Баерн изгубил.[8]
Во сезоната 2012–13, Алаба го постигнал седмиот најбрз гол во историјата на Лигата на шампионите (за 25 секунди) против Јувентус каде Баерн победиле 2–0. Ги одиграл сите 90 минути од финалето на Лигата на шампионите против ФК Борусија Дортмунд, во кое Баерн славеле со 2–1. Во декември 2013, Алаба потпишал нов договор со Баерн Минхен со важност до 2018.[9] Во јануари 2015, фудбалските навивачи преку гласањ на страницата на УЕФА го изгласале Алаба како лев бек во најдобриот состав за годината 2014, вторпат по ред вклучувајќи ја и 2013.[10] Во март 2016, Алаба го продолжил договорот со Баерн до 2021.[11]
Освен клупска, Алаба има и богата репрезентативна кариера. Како младинец настапувал за репрезентациите на Автрија под 17 и 19 години, а дебито за сениорската репрезентација го имал на натпреварот против Франција од октомври 2009.[12] Првиот репрезентативен погодок го постигнал на 16 октомври 2012 во натпреварот против Казахстан од квалификациите за Светското првенство, каде Австрија славела на домашен терен со 4–0. Алаба бил најдобар стрелец за австриската репрезентација во квалификациите за Светско првенство во фудбал 2014 со шест постигнати голови.[13]
Титули
[уреди | уреди извор]Со Баерн Минхен
[уреди | уреди извор]- Бундеслига: 2009–10, 2012–13, 2013–14, 2014–15, 2015–16
- Гермнаски Куп: 2009–10, 2012–13, 2013–14, 2015–16
- Германски Суперкуп: 2010, 2012, 2016
- Лига на Шампиони: 2012–13
- Суперкуп на УЕФА: 2013
- Светско клупско првенство во фудбал: 2013[1]
Статистика
[уреди | уреди извор]Клупска статистика | Лига | Куп | Континентално | Друго | Вкупно | Ref. | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Клуб | Лига | Сезона | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | |
Германија | Лига | Германски Куп | Европа | Друго1 | Вкупно | ||||||||
Баерн Минхен | Бундеслига | 2009–10 | 3 | 0 | 1 | 0 | 2 | 0 | — | 6 | 0 | [14] | |
2010–11 | 2 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 3 | 0 | [15] | ||
2011–12 | 30 | 2 | 6 | 1 | 11 | 0 | — | 47 | 3 | [16] | |||
2012–13 | 23 | 3 | 4 | 0 | 11 | 2 | 0 | 0 | 38 | 5 | [17] | ||
2013–14 | 28 | 2 | 5 | 0 | 12 | 2 | 4 | 0 | 49 | 4 | [18][19] | ||
2014–15 | 19 | 2 | 3 | 3 | 6 | 0 | 1 | 0 | 29 | 5 | [19][20] | ||
2015–16 | 30 | 1 | 5 | 0 | 10 | 1 | 1 | 0 | 46 | 2 | [19][21] | ||
2016–17 | 26 | 2 | 4 | 1 | 8 | 0 | 1 | 0 | 39 | 3 | [22][23] | ||
Вкупно | 161 | 12 | 29 | 5 | 60 | 5 | 7 | 0 | 257 | 22 | — | ||
Баерн Минхен II | 3. Лига | 2009–10 | 23 | 1 | — | 23 | 1 | [14] | |||||
2010–11 | 10 | 0 | 10 | 0 | [15] | ||||||||
Вкупно | 33 | 1 | — | 33 | 1 | — | |||||||
Хофенхајм | Бундеслига | 2010–11 | 17 | 2 | 1 | 0 | — | 18 | 2 | [15] | |||
Кариера | 211 | 15 | 30 | 5 | 60 | 5 | 7 | 0 | 308 | 25 | — |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „D. Alaba“. Soccerway. Global Sports Media. Посетено на 17 March 2016.
- ↑ „FIFA Club World Cup Morocco 2013: List of Players“ (PDF). FIFA. 7 December 2013. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-12-24. Посетено на 8 December 2013.
- ↑ „David Alaba – Abwehr“ (германски). FC Bayern. Архивирано од изворникот на 2013-08-31. Посетено на 11 September 2013.
- ↑ „Heraf nominiert Kader für U19-EM! 18 Spieler – von Alaba bis Weimann“ (германски). oefb.at. Архивирано од изворникот на 2014-10-23. Посетено на 23 April 2014.
- ↑ Holstein, Hermann (7 мај 2012). „David Alaba – Die Vita eines Wunderknaben“ (германски). Im 16'er. Архивирано од изворникот на 22 February 2014. Посетено на 15 February 2014.
- ↑ „David Alaba: Supertalent des FC Bayern“. Fussballboom (германски). 21 април 2009. Архивирано од изворникот на 2012-05-24. Посетено на 10 February 2010.
- ↑ „FC Bayern München“. UEFA. Архивирано од изворникот на 1 September 2009. Посетено на 7 September 2009.
- ↑ Kit Holden (8 мај 2012). „David Alaba's suspension for the Champions League final is the most regrettable of all“. The Independent. Архивирано од изворникот на 10 May 2012.
- ↑ „David Alaba verlängert Vertrag beim FC Bayern bis 2018“ (германски). FC Bayern Munich. 2 December 2013. Посетено на 2 December 2013.
- ↑ Morlidge, Matt (9 January 2015). „Cristiano Ronaldo, Lionel Messi and Angel di Maria in UEFA Team of the Year... but no British players make select XI“. Daily Mail. Посетено на 10 January 2015.
- ↑ „David Alaba extends stay at FC Bayern“. 18 March 2016. Посетено на 22 March 2016.
- ↑ „Match against France: Europe will envy us for Alaba“. nachrichten.at (германски). 7 октомври 2009. Архивирано од изворникот на 6 July 2011. Посетено на 10 February 2010.
- ↑ „Top scorers“. FIFA. Архивирано од изворникот на 19 September 2010. Посетено на 16 October 2014.
- ↑ 14,0 14,1 „Alaba, David“. kicker.de (германски). kicker. Посетено на 31 July 2014.
- ↑ 15,0 15,1 15,2 „David Alaba“ (германски). Fussballdaten.de. Посетено на 31 July 2014.
- ↑ „Alaba, David“. kicker.de (германски). kicker. Посетено на 31 July 2014.
- ↑ „Alaba, David“. kicker.de (германски). kicker. Посетено на 31 July 2014.
- ↑ „Alaba, David“. kicker.de (германски). kicker. Посетено на 31 July 2014.
- ↑ 19,0 19,1 19,2 „David Alaba » Club matches“. World Football. Посетено на 3 August 2015.
- ↑ „Alaba, David“. kicker.de (германски). kicker. Посетено на 22 March 2015.
- ↑ „David Alaba“. kicker.de (германски). Посетено на 21 May 2016.
- ↑ „Im zweiten Anlauf: Vidal beschert Bayern den ersten Titel“. kicker.de (германски). 14 August 2016. Посетено на 14 August 2016.
- ↑ „David Alaba“. kicker.de (германски). Посетено на 12 April 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Давид Алаба“ на Ризницата ? |