Ернесто Сабато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ернесто Сабато
Роден/а24 јуни 1911(1911-06-24)
Рохас, Провинција Буенос Аирес, Аргентина
Починат/а30 април 2011(2011-04-30) (возр. 99)
Сантос Лугарес, Провинција Буенос Аирес, Аргентина
ЗанимањеКнижевник, есеист, ликовен уметник
ЈазикШпански
ОбразованиеДоктор по Физика
Апсолвент наНационален универзитет Ла Плата
Период1941–2004
Жанркнижевност, есеи
Значајни делаТунелот, Херои и гробови,Абадон, ангел на уништувањето
Значајни наградиЛегија на честа, Награда за најдобра странска книга,Мигел де Сервантес - Награда, Награда на Ерусалим
Сопруг/аМатилда Кусмински Рихтер (1936–1998)
ДецаХорхе Федерико Сабато,Марио Сабато
Потпис"E. Sabato"

Ернесто Сабато (шпански: Ernesto Sabato); (роден на 24 јуни 1911, во Рохас — починат на 30 април 2011, во Сантос Лугарес) — аргентински писател.

Докторирал физика и филозофија на Универзитетот во Ла Плата.

Еден од најзначајните аргентински писатели.

Најпрво се занимавал со физика и тоа во „Фондацијата Кири“ во Париз, а потоа и како професор на Универзитетот во Ла Плата. Науката ја напушта во 1945 година по што започнал со литературна дејност[1].

Животопис[уреди | уреди извор]

Ернесто Сабато е роден на 24 јуни 1911 година во Рохас, Провинција Буенос Аирес, Аргентина. Неговите родители Франческо Сабато и Џована Марија Ферари, биле италијански емигранти од Калабрија.

Во 1924 година завршил основно училиште во Рохас и се населил во градот Ла Плата, а средно образование завршил во Националниот колеџ во Ла Плата.

За време на средношколските и студентските денови бил активен во анархистичките организации, а подоцна се приклучил кон комунистичкото движење. Еден период делувал од илегала криејќи се од тајната полиција.

Како делегат на Комунистичката партија бил испратен 1934 година во Брисел на антифашистичкиот конгрес. Конгресот го напуштил заради филозофски несогласувања.

Оставајќи ги политичките преокупации, се посветил на науката, стекнувајќи докторат по физика и работејќи во Лабораторијата Кири во Париз.

Во Париз се дружел со писателите и уметниците, претставници на надреализмот. Речиси во севкупниот период на неговото образование и професионално работење, бил во своевиден личен конфликт, наоѓајќи се помеѓу науката и литературата.

Во почетокот на четириесеттите години на дваесеттиот век, работел како професор по физика на Универзитетот во Буенос Аирес, но набргу ја напушта својата научна кариера предизвикувајќи скоро сензационалистичка запрепастеност во научните кругови. Го сметале за еден од најзначајните физичари во тоа време.

Заминал на еден планински ранч, во изолација и осаменост и целосно се посветил на литературата. Како писател, заедно со неговиот литературен опус ќе го прослави и афирмира Албер Ками[2].

Творештво[уреди | уреди извор]

Еден од најголемите аргентински и светски писатели, Ернесто Сабато, напишал само три романи кои меѓусебно се поврзани во своевидна литературна трилогија[3].

Покрај нив, напишал и поголем број на есеи, а дел од своето Книжевно творештво го запалил.

Иако навидум, неговите романи се занимаваат со темите на лудилото, мрачните состојби на умот, паранојата, инцестот и друго, всушност тие се само површина, облик, стилска и мотивска рамка под чијашто длабочина се кријат бројни симболи, метафори, литературни записи кои имаат паралели со најзначајните книжевни дела во светските рамки.

Неговото книжевно дело е богато во мислата, во длабочината, во повеќеслојноста. Во многу ситуации, а особеното во делот „Извештај за слепите“ од романот „Херои и гробови“, тој создава своевидна апокалиптича визија која со својата уметничка уникатност и силина носи и одредена пророчка визија, чија актуелност станува сè поточна низ времињата кои доаѓаат во „изградбата“ на човечката цивилизација.

Всушност низ бројните сликовити метаморфози, тој создал книжевно дело кое ги надминува епохите, времето, локалното, откривајќи го универзалниот проблем на човековиот егзистенцијализам. Неговиот апсолутен егзистенцијализам бил и инспирација и примарна литературна тема за Албер Ками, којшто исклучително го ценел ракописот на Сабато.

Иако го сметаат за антиборхесовец, според мотивското кредо на една специфична метафизика - помеѓу него и Хорхе Луис Борхес постои своевидна литературна поврзаност која сериозно ќе го менува книжевниот универзум во светот. За тоа сведочи и документарната книга создадена од заедничките разговори, Сабато - Борхес[4].

Дела[уреди | уреди извор]

Романи[уреди | уреди извор]

Есеи[уреди | уреди извор]

  • Човекот и вселената (1945)[6].
  • Луѓе и запченици (1951)
  • Хетеродоксија
  • Случајот Сабато. Мачења и слободата на печатот. Отворено писмо на генералот Арамбуру
  • Поинаквото лице на перонизмот (1956)
  • Писателот и неговите духови (1963)
  • Танго, расправија и клуч (1963)
  • Романса за смртта на Хуан Лавале. Јуначка песма
  • Педро Хенрикез Урена
  • Пристап кон литературата на нашето време: Робе - Грилет, Борхес, Сартр (1968)
  • Културата во националната пресвртница (1976)
  • Апологија и отфрлање (1979)
  • Книгите и нивната задача во ослободувањето и поврзувањето на Латинска Америка
  • Помеѓу буквите и крвта (1988)
  • Пред крајот (1998)
  • Отпор (2000)
  • Шпанија во дневниците на мојата старост (2004)

Ликовно творештво[уреди | уреди извор]

Неговиот ликовен опус најчесто бил составен од дела работени во масло на платно. Стилот му е близок до постекспресионизмот и надреализмот. Поетски и интензивни претстави, изведени со нагласен колорит и широки површини, ослободени од линиско детерминирање.

Неговата литература, сериозно се надоврзала врз неговиот ликовен израз и опус[7].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]