Данило Луис да Силва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Данило
20180610 FIFA Friendly Match Austria vs. Brazil Danilo Luiz 850 1591 (crop).jpg
Лични податоци
Полно име Данило Луис да Силва[1]
Роден на 15 јули 1991 (1991-07-15) (28 г.)[2]
Роден во Бикас, Бразил
Држава Бразил Бразил
Висина &100000000000001840000001,84 м
Позиција одбрана
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 13
Младинска кариера
Америка Минеиро Америка Минеиро
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2010 Америка Минеиро Америка Минеиро 15 (0)
2010-2011 Сантос Сантос 49 (5)
2012-2015 Порто Порто 91 (11)
2015-2017 Реал Мадрид Реал Мадрид 41 (3)
2017-2019 Манчестер Сити Манчестер Сити 34 (4)
2019- Јувентус Јувентус 4 (1)
Репрезентација
2011 Бразил Бразил 20 12 (2)
2012 Бразил Бразил 23 5 (1)
2011- Бразил Бразил 23 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Данило Луис да Силва (роден на 15 јули 1991 во Бикас) е бразилски фудбалер, играч од одбраната на Јувентус и на бразилската репрезентација.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Десен бек со одлични тркачки способности и добра индивидуална техника, способен да игра и како десно крило; исто така може да се користи и како лев бек.[3]

Кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци и Сантос[уреди | уреди извор]

Данило е роден во Бикас, Минас Жераис. Во младинските години од својата кариера тој играл за екипите на Тупинамбас и Америка Минеиро,[4] а со вториот клуб се натпреварувал и на сениорско ниво во Кампеонато Минеиро и во бразилската Серија Ц, која ја освоиле во 2009 година и избориле промоција.[5]

Во мај 2010 година, Данило се преселил во Сантос. Своето деби за новиот клуб го направил на 21 јули 2010, влегувајќи како замена на полувремето на местото на Марањао, во поразот со 2-0 од Атлетико Паранаенсе во лигата. Својата прва сезона во клубот ја завршил со 26 настапи и 4 гола во лигата. Во 2011 година, Данило ја освоил Кампеонато Паулиста - неговиот прв трофеј со клубот - и дебитирал во Копа Либертадорес. Во април 2011 година, тој постигнал гол во три последователни натпревари од Копа Либертадорес против екипите на Коло Коло, Серо Портењо и Депортиво Тачира.[6] Данило ги одиграл комплетните 90 минути од двата натпревари од Финалето на Копа Либертадорес 2011 против уругвајскиот Пењарол, првиот како централен играч од средниот ред а вториот како десен бек, и го постигнал решавачкиот гол во победата со 2-1 на домашен терен по ремито без голови во првиот натпревар одигран во Монтевидео.[7]

Порто[уреди | уреди извор]

Данило (во средина) во акција со Порто во летото 2013.

На 19 јули 2011 година, Данило бил купен од Порто за 13 милиони евра,[8][9] а во договорот кој тој го потпишал со клубот била вметната откупна клаузула од 50 милиони евра.[10] Данило останал во Сантос до декември 2011 година за да се натпреварува на Светското клупско првенство.[11]

Своето деби за португалците го направил на 22 јануари 2012, влагувајќи како замена во второто полувреме во победата на домашен терен со 3-1 над Виторија Гимараеш.[12] Првично, тој бил замена на Кристијан Сапунару, но наскоро се утврдил како прв избор и заедно со неговиот сонародник Алекс Сандро (кој пристигнал во клубот исто така од Сантос во исто време како и Данило), кој бил прв избор по левата страна, претставувале едни од најдобрите бековски тандеми во Европа.[13] Со Порто Данило освоил две титули во португалското првенство (2011–2012, 2012–2013) и два Суперкупа на Португалија (2012 и 2013).

Реал Мадрид и Манчестер Сити[уреди | уреди извор]

На 31 март 2015, било објавено дека Данило во јули 2015 ќе му се приклучи на Реал Мадрид откако потпишал шестгодишен договор со клубот во трансфер вреден 31.5 милиони евра.[14][15] Своето деби за кралевите го имал на 23 август, во ремито без голови против новакот во лигата Спортинг Хихон, во првото коло од новата сезона во шпанското првенство.[16] На 24 октомври го постигнал својот прв гол за Реал, во гостинската победа со 3-1 над Селта.[17] Во неговата прва сезона во Мадрид, Данило придонесол во освојувањето на Лигата на шампионите, забележувајќи 7 настапи за Реал Мадрид во ова натпреварување. Во финалето против Атлетико Мадрид, тој влегол како замена за повредениот Дани Карвахал во почетните минути од второто полувреме, а по конечните 1-1 Реал ја освоил титулата поразувајќи ги градските ривали по изведување на пенали.[18]

Следната сезона Данило забележал 17 настапи и еден гол помагајќи му на Реал Мадрид да ја освои шампионската титула во Примера Дивисион,[19] за прв пат во последните пет години.[20][21] Тој исто така одиграл и три натпревари во Лигата на шампионите, каде кралевите успеале да ја одбранат титулата победувајќи го Јувентус во финалето, во кое Данило останал на клупата како неискоритена замена.

Данило со Манчестер Сити во летото 2017.

На 23 јули 2017 година, Данило потпишал петгодишен договор со англискиот Манчестер Сити,[22][23] а сумата на трансферот изнесувала 26.5 милиони фунти.[24] Својот прв гол за Сити го постигнал на 23 декември, во победата со 4-0 на домашен терен против Борнмут.[25] Во двете сезони како фудбалер на Манчестер Сити, Данило освоил две титули во Премиер лигата (2017-2018, 2018-2019), два Лига купа (2017-2018, 2018-2019) и еден ФА Куп (2018-2019).

Јувентус[уреди | уреди извор]

На 7 август 2019, Данило се преселил во Јувентус за 37 милиони евра, потпишувајќи петгодишен договор со клубот од Торино.[26] Во договорот бил вклучен и Жоао Кансело, кој се преселил во спротивна насока од Јувентус во Манчестер Сити.[27] Своето деби за Јувентус го направил на 31 август, во натпреварот против Наполи (4-3) во Серија А заменувајќи го повредениот Матија Де Шиљо во 15-тата минута, а само 28 секунди подоцна го постигнал својот прв гол за клубот; голот бил најбрзиот постигнат од страна на странски играч во историјата на Серија А.[28]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Данило најпрво настапувал за бразилската репрезентација под 20 години. Во 2011 година, со оваа репрезентација тој го освоил Јужноамериканското првенство за играчи под 20 години 2011, исто така, постигнувајќи гол во последната победа со 6-0 против Уругвај.[29] На 17 јуни 2011, селекторот на репрезентацијата под 20 години Неј Франко го повикал Данило за Светското првенство под 20 години 2011 кое се одржало во Колумбија.[30] На 29 јули во првиот натпревар на караоките на турнирот тој постигнал гол во ремито 1-1 против Египет. На 14 август тој бил еден од четворицата прецизни изведувачи на пенали во победата над Шпанија, откако по 120 минути натпреварот завршил нерешено 2-2 Бразил бил поуспешен при изведувањето на пеналите и се пласирал во полуфиналето каде три дена подоцна го совладале Мексико. На 20 август, на стадионот Ел Кампин во Богота, Бразил ја освоил светската титула во категоријата до 20 години победувајќи ја Португалија во финалето со 2-3 по продолженија. Севкупно, тој собрал 15 настапи за бразилската репрезентација под 20 години: 8 на Јужноамериканското првенство и 7 на Светското првенство, со два постигнати гола постигнати против Уругвај и Египет.

Во септември 2011, тој за прв пат бил повикан од Мано Менезес, селекторот на сениорската репрезентација, започнувајќи како стартер во дербито против Аргентина во Суперкласико де лас Америкас што завршил 0-0 на стадионот Кемпес во Кордоба.[31] Тој исто така играл и во вториот натпревар кој се одиграл 14 дена подоцна, во кој Бразил ја победил Аргентина со 2-0 на Олимпико до Пара во Белем.

На 6 јули 2012 година, тој бил повикан во олимписката репрезентација за Летните олимписки игри 2012 во Лондон.[32][33] Одиграл четири натпревари на турнирот и постигнал еден гол против Нов Зеланд во групната фаза.[34] На крајот, Бразил го освоил сребрениот медал откако во борбата за златниот на 11 август биле поразени од Мексико со 2-1 на Вембли.[35][36]

Во мај 2018, Данило бил повикан од селекторот Тите за својот прв турнир со сениорската репрезентација, Светското првенство 2018.[37] Сепак, тој играл (како стартер) само во првиот натпревар на репрезентацијата, ремито 1-1 против Швајцарија.[38] Подоцна, тој се здобил со повреда на 6 јули, ден пред четвртфиналниот судир со Белгија, со што бил надвор од комбинација за остатокот од турнирот.[39]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Сениорска репрезентација[уреди | уреди извор]

Олимписка репрезентација[уреди | уреди извор]

Статистика на кариерата[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 5 ноември 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2009 Бразил Америка Минеиро МИ/МЖ+Ц 2+8 0 - - - - - - - - - 10 0
јан-мај. 2010 МИ/МЖ+Б 12+7 2+0 - - - - - - - - - 19 2
Вкупно Америка Минеиро 14+15 2+0 - - - - - - 29 2
мај.-дек. 2010 Бразил Сантос A1/СП+А 0+26 0+4 КБ 0 0 КС 0 0 - - - 26 4
2011 A1/СП+A 14+23 0+1 - - - КЛ 14 4 Скп 2 1 53 6
Вкупно Сантос 14+49 0+5 0 0 14 4 2 1 79 10
јан.-јун. 2012 Португалија Порто ПЛ 6 0 КП+ЛКП 0+1 0 ЛЕ 1 0 - - - 8 0
2012-2013 ПЛ 28 2 КП+ЛКП 2+5 0 ЛШ 7 0 СП 0 0 42 2
2013-2014 ПЛ 28 3 КП+ЛКП 6+3 0 ЛШ+ЛЕ 6+6 0 СП 0 0 49 3
2014-2015 ПЛ 29 6 КП+ЛКП 1+1 0 ЛШ 10 1 - - - 41 7
Вкупно Порто 91 11 19 0 30 1 0 0 140 12
2015-2016 Шпанија Реал Мадрид ПД 24 2 КШ 0 0 ЛШ 7 0 - - - 31 2
2016-2017 ПД 17 1 КШ 5 0 ЛШ 3 0 СУ+Скп 0 0 25 1
Вкупно Реал Мадрид 41 3 5 0 10 0 0 0 56 3
2017-2018 Англија Манчестер Сити ПЛ 23 3 ФАКуп+ЛК 3+6 0 ЛШ 6 0 - - - 38 3
2018-2019 ПЛ 11 1 ФАКуп+ЛК 4+5 0 ЛШ 2 0 КШ 0 0 22 1
Вкупно Манчестер Сити 34 4 18 0 8 0 0 0 60 4
2019-2020 Италија Јувентус А 5 1 КИ 0 0 ЛШ 1 0 СИ 0 0 6 1
Вкупно во кариерата 263 26 42 0 63 5 2 1 370 32

Репрезентативна статистика[уреди | уреди извор]

Обновено на 26 март 2019
Репрезентација Година Наст Гол
Бразил Бразил 2011 2 0
2012 4 0
2014 5 0
2015 4 0
2017 1 0
2018 6 0
2019 1 0
Вкупно 23 0

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Бразил Америка Минеиро[уреди | уреди извор]

2009

Бразил Сантос[уреди | уреди извор]

2011
2011

Португалија Порто[уреди | уреди извор]

2011–2012, 2012–2013
2012, 2013

Шпанија Реал Мадрид[уреди | уреди извор]

2016-2017
2015-2016, 2016-2017
2016
2016

Англија Манчестер Сити[уреди | уреди извор]

2017-2018, 2018-2019
2017-2018, 2018-2019
2018-2019

Репрезентативни[уреди | уреди извор]

Бразил Бразил[уреди | уреди извор]

2011
2011

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Squads for 2017/18 Premier League confirmed“. Premier League. 1 September 2017. конс. 9 September 2017. 
  2. „FIFA World Cup Russia 2018: List of players: Brazil“ (PDF). FIFA. 15 July 2018. стр. 4. конс. 21 January 2019. 
  3. „Big italiane in Sud America. Per Danilo, Martinuccio, Dedè...“. 
  4. Ribeiro, Bruno (25 July 2017). „Após faturar com venda para Real, time de MG pode lucrar com ida de Danilo para o City“ [After cashing in with sale to Real, MG team can make money with Danilo's departure to City]. Globo Esporte (Portuguese). Grupo Globo. конс. 25 July 2017. 
  5. Danilo sonhava em ser goleiro, mas virou lateral multicampeão“, 9 јуни 2018 (посет. 22 јануари 2019 г). (на pt)
  6. „Danilo impressiona: terzo sigillo consecutivo!“ (англиски). 22 април 2011. 
  7. Barros, Adilson; Travaglia, Julyana (22 June 2011). „Neymar brilha, meninos da vila fazem história e Peixe leva tri da Libertadores“ [Neymar shines, local lads make history and Fish lifts third Libertadores]. Globo Esporte (Portuguese). Grupo Globo. конс. 2 April 2015. 
  8. „Comunicado“ (PDF) (Portuguese). 19 luglio 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 24 декември 2011. конс. 13 settembre 2011. 
  9. „Anche Danilo per il Porto“ (италијански). 19 јули 2011. конс. 13 септември 2011. 
  10. „Comunicado“ (PDF) (Portuguese). 28 luglio 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 15 декември 2011. конс. 13 септември 2011. 
  11. „Santista Danilo diz que mostrará por que o Porto pagou ‘tanto’ por ele“ (Portuguese). 5 settembre 2011. конс. 13 settembre 2011. 
  12. Porto - Vitória Guimarães 3-1 transfermarkt.com
  13. „Danilo e Alex Sandro, companheiros de todas as ocasiões“ [Danilo and Alex Sandro, buddies for every occasion] (Portuguese). SAPO. 2 September 2014. конс. 11 June 2018. 
  14. „Comunicado“ [Announcement] (PDF) (Portuguese). Portuguese Securities Market Commission. 31 March 2015. конс. 31 March 2015. 
  15. „Official announcement: Danilo“. Real Madrid CF. 1 April 2015. конс. 1 April 2015. 
  16. Bell, Arch. „Sporting spoil Benítez debut“, 23 август 2015 (посет. 23 август 2015 г).
  17. „Celta Vigo 1–3 Real Madrid: Ronaldo on target as Los Blancos clear at the top“. Goal.com. Perform Group. 24 October 2015. конс. 24 October 2015. 
  18. „Spot-on Real Madrid defeat Atlético in final again“. UEFA. 28 May 2016. конс. 29 May 2016. 
  19. „Real Madrid 5–2 Osasuna“. BBC Sport. 10 September 2016. конс. 22 May 2017. 
  20. „El Real Madrid, campeón de LaLiga Santander 2016/17“ [Real Madrid, LaLiga Santander champions 2016/17] (Spanish). La Liga. 21 May 2017. конс. 22 May 2017. 
  21. „Malaga 0–2 Real Madrid“. BBC Sport. 21 May 2017. конс. 22 May 2017. 
  22. „Danilo joins Manchester City“. Manchester City F.C. 23 July 2017. конс. 23 July 2017. 
  23. „Official announcement: Danilo“. Real Madrid CF. 23 July 2017. конс. 23 July 2017. 
  24. Stone, Simon (23 July 2017). „Danilo: Manchester City sign Real Madrid defender for £26.5m“. BBC Sport. конс. 23 July 2017. 
  25. Bevan, Chris (23 December 2017). „Manchester City 4–0 AFC Bournemouth“. BBC Sport. конс. 23 December 2017. 
  26. „Official: Danilo is Bianconero!“. Juventus F.C. 7 August 2019. конс. 8 August 2019. 
  27. „Danilo joins Juventus“. 7 agosto 2019. конс. 8 agosto 2019. 
  28. „Juventus 4 - 3 Napoli“. Football Italia. 31 August 2019. 
  29. „6 a 0 Brasil-Uruguay“. 13 февруари 2011. 
  30. „Brasile, i pre-convocati per il mondiale Under 20“. 17 giugno 2011. 
  31. „Argentina y Brasil igualaron 0–0 en Córdoba“ [Argentina and Brasil went for 0–0 in Córdoba] (Spanish). Argentine Football Association. 14 September 2011. конс. 14 November 2013. 
  32. „Olimpiadi di calcio 2012: le convocazioni della nazionale brasiliana“. 6-07-12. Архивирано од изворникот на 5 декември 2013. конс. 12-07-12.  Unknown parameter |deadlink= ignored (помош);
  33. „Olimpiadi, Brasile: i convocati di Menezes“. 6-07-12. Архивирано од изворникот на 15 март 2016. конс. 12-07-12.  Unknown parameter |dead link= ignored (помош);
  34. „Three and easy for Brazil“. FIFA. 1 August 2012. конс. 14 November 2013. 
  35. „Peralta nets match-winning brace for Mexico“. Архивирано од изворникот на 22 август 2012. конс. 13 август 2012.  Unknown parameter |dead link= ignored (помош);
  36. „Messico oro, battuto 2-1 il Brasile in finale“. 11-08-12. Архивирано од изворникот на 13 август 2012. конс. 13-08-12.  Unknown parameter |dead link= ignored (помош);
  37. „World Cup: Neymar named in Brazil's 23-man squad“. BBC Sport. 14 May 2018. конс. 15 May 2018. 
  38. Reddy, Luke (17 June 2018). „Brazil 1–1 Switzerland“. BBC Sport. конс. 17 June 2018. 
  39. „Brazil says Danilo out of World Cup with ankle injury“. NBC Sports. 6 July 2018. конс. 6 July 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]