Адријан Рабио

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Адријан Рабио
Rus-Fra 2018 (3).jpg
Лични податоци
Полно име Адријан Рабио
Роден на 3 април 1995 (1995-04-03) (24 г.)
Роден во Сен Морис, Франција
Држава Франција Франција
Висина &100000000000001880000001,88 м[1]
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 25
Младинска кариера
Кретеј Кретеј
Flag of None.svg Алфортвил
Кретеј Кретеј
Манчестер Сити Манчестер Сити
По По
Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2012-2019 Париз Сен Жермен Париз Сен Жермен 150 (13)
2013Тулуз Тулуз 13 (1)
2019- Јувентус Јувентус 0 (0)
Репрезентација
2010 Франција Франција 16 2 (0)
2011-2012 Франција Франција 17 5 (0)
2012 Франција Франција 18 1 (0)
2012-2013 Франција Франција 19 20 (4)
2014 Франција Франција 20 6 (1)
2013-2016 Франција Франција 21 19 (1)
2016- Франција Франција 6 (0)
  • Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 15 фебруари 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 15 фебруари 2012

Адријан Рабио (роден на 3 април 1995 година, во Сен Морис) е француски фудбалер, играч од средниот ред на Јувентус и на француската репрезентација.

Најголемиот дел од својата кариера Рабио го поминал во Париз Сен Жермен, клуб во кој преку младинските категории дебитирал за првиот тим во 2012 година и со кој освоил 18 трофеи, вклучувајќи пет титули во Лига 1 и две домашни тројни круни во сезоните 2015-2016 и 2017-2018. Во летото 2019, како слободен играч потпишал договор со Јувентус.

Рабио ја претставувал Франција во речиси сите младински репрезентации, а своето деби за сениорската репрезентација го имал во 2016 година.

Технички карактеристики[уреди | уреди извор]

Левоног box-to-box играч од средниот ред, опремен со солдни физички предиспозиции, во комбинација со изненадувачка брзина во движењата со топката во нозете.[2] Рабио е играч кој може да игра на сите позиции во средниот ред, иако најчесто се користи како "тркач" или офанзивен играч за врска, меѓутоа благодарение на неговата фигура и физички предиспозиции може да игра и како играч од средниот ред со дефанзивни задачи.

Меѓу неговите најголеми играчки квалитети се одличната способност да се отвара со и без топка, знае да игра на мал простор покажувајќи добар дриблинг и техника, самопожртвуваност за враќање на топката во посед и исто така често знае да се уфрла од втор план и да ги завршува акциите на својата екипа.[2]

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Рани години[уреди | уреди извор]

Адријан Рабио е роден во Сен Морис. Како дете тој играл фудбал во младинските категории на неколку клубови, почнувајќи од 2001 година кога започнал во Кретеј. Потоа играл во Алфортвил во 2003 година пред да се врати во Кретеј следната година. Во 2008 година, присуствувал на позната француска фудбалска академија Клерфонтејн, каде присутните експерти сметале дека неговиот профил е многу интересен. На возраст од 13 години тој потпишал за Манчестер Сити,[3] но англискиот клуб не ги почитувал некои договори со Рабио и по 6 месеци во странство, тој се вратил во Франција во екипата на По. Потоа, во мај 2010, тој се приклучил на тренинг центарот на Париз Сен Жермен.

Париз Сен Жермен[уреди | уреди извор]

Младински категории (2010-2012)[уреди | уреди извор]

Рабио му се приклучил на Париз Сен Жермен на возраст од 15 години. Брзо по доаѓањето тој се покажал како еден од најталентираните играчи во младинските селекции на клубот, станувајќи шампион на Франција во шампионатот под 17 години во 2011. Во март 2012 година, тренерот на првиот тим на парижаните Карло Анчелоти побарал од тренерот на резервниот тим Бертран Рузо да му испрати некои млади талентирани играчи да тренираат со професионалците. Токму Рабио бил еден од овие играчи и бил забележан од италијанскиот тренер. Тој за прв пат тренирал со играчите од првиот тим на 7 март 2012, на возраст од 16 години. Откако оставил силен впечаток врз Анчелоти, Рабио бил повикан во групата играчи за натпреварот против Сошо на 22 април 2012.

Дебитантската сезона (2012-2013)[уреди | уреди извор]

На 2 јули 2012 го потпишал првиот професионален договор со клубот согласувајќи се на верност од три години.[4] Веднаш потоа учествувал на подготвителната турнеја на Париз Сен Жермен низ САД.[5]

Своето деби за првиот тим во официјален натпревар, Рабио го имал на 26 август 2012 во ремито без голови 0-0 против Бордо во Лига 1, играјќи од почетокот во средниот ред заедно со Блез Матуиди и Тијаго Мота.[6] Тој играл до 61-вата минута кога бил заменет од Жереми Менез и имал 94% точни додавања.[7].

На 6 ноември 2012, Рабио го направил своето деби во Лигата на шампионите, влегувајќи во игра како замена во судиското продолжение во победата со 4-0 на домашен терен над Динамо Загреб.[8] Со тоа, на возраст од 17 години и 7 месеци, тој станал најмладиот играч на Париз Сен Жермен што заиграл во Лигата на шампионите, надминувајќи го рекордот од 18 години и 11 месеци што претходно го држел Микел Артета.[9]

Откако во првиот дел од сезоната одиграл 9 натпревари за Париз Сен Жермен во сите натпреварувања, во јануари 2013 парижаните се согласиле да го позајмат играчот на Тулуз (клуб исто така од Лига 1) за вториот дел од сезоната со цел да пронајде повеќе време за игра во континуитет.[10] Тулуз во него пронашол замена за Муса Сисоко, кој го напуштил клубот во истиот трансферен прозорец.[11] Дебитирал за Тулуз на 10 февруари 2013, во поразот со 2-0 на гостувањето кај Рен.[12] Својот прв гол како професионалец го постигнал на 9 март 2013 година, што бил и единствен во натпреварот против Брест со кој Тулуз победил со 1-0.[13] Голот дошол со прекрасен удар со левата нога од преку 20 метри со кој погодил во далечниот агол.[14]

2013-2016[уреди | уреди извор]

Рабио во дуел со Матје Досеви од Валенсиен во септемви 2013

Во летото 2013, Рабио се вратил во Париз. Првиот настап за сезоната го имал на 9 август 2013, во ремито 1-1 на гостувањето кај Монпелје во првото коло од Лига 1 2013-2014, заменувајќи го Лукас Моура во последните 10 минути од натпреварот. На 31 август, го постигнал својот прв гол во дресот на ПСЖ во победата со 2-0 против Гeнгамп. Под водството на тренерот Лоран Блан, тој добивал повеќе време за играње а се почесто се наоѓал и во стартната постава, особено за време на периодот кога Тијаго Мота бил повреден. На 19 април 2014, Париз Сен Жермен го освоил Лига купот на Франција совладувајќи го Лион во финалето со 2-1, што бил првиот трофеј за Рабио во кариерата иако тој останал на клупата во финалето како неискористена замена.[15] На 7 мај истата година, тој го освоил својот втор трофеј со клубот откако ПСЖ станал шампион во Лига 1, и покрај поразот со 1-2 од Рен на Паркот на принцовите.[16] На 17 мај, тој го постигнал последниот гол за сезоната на неговиот клуб во победата со 4-0 над Монпелје. Сезоната ја завршил со 34 настапи и 3 гола во сите натпреварувања.

На почетокот на сезоната 2014-2015, клубот го обвинил Рабио за прекинат трансфер во Рома како и за желбата да не го продолжи договорот.[17] Рабио подоцна изјавил дека не знае што се случило со неговиот трансфер во Рома и зошто тој пропаднал потенцирајќи дека се било договорено и дека тој веќе донел одлука да го носи нивниот дрес.[18] Откако сепак се согласил да го продолжи договорот до 2019,[19] тој се вратил во составот на ПСЖ во ноември. Својот прв настап за сезоната го имал на 21 ноември 2014, играјќи како стартер на гостувањето кај Мец во 14-тото коло од Лига 1 (победа 2-3).[20] На 10 јануари 2015 година, тој го постигнал првиот гол за сезоната во поразот од Бастија (4-2). На 21 февруари 2015 година, за прв пат во кариерата постигнал два гола на еден натпревар во победата со 3-1 над неговиот поранешен клуб Тулуз.[21] Рабио ја завршил сезоната со 33 настапи и 4 гола во сите натпреварувања и освоил два трофеи во текот на оваа сезона: Лига купот на Франција и француското првенство. Парискиот клуб уживал во извонредна сезона во која покрај овие две титули триумфирал и во Суперкупот на Франција и Купот на Франција, со што биле освоени сите домашни трофеи во сезоната, меѓутоа Рабио не добил медали од овие натпреварувања затоа што не учествувал поради тоа што бил казнет од страна на клубот.

Рабио во бел дрес (првиот играч од десно) против Челси во Лигата на шампионите.

Сезоната 2015-2016 за Рабио започнала со освојувањето на Суперкупот на Франција, каде го одиграл целиот натпревар во победата над Лион со 2-0. Сепак, само седум дена подоцна во првото коло од новото првенство против Лил тој бил исклучен во 29-тата минута, откако добил два жолти картони во период од само 6 минути.[22] На 25 ноември 2015 година, Рабио го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите против Малме во победата со 5-0 во Шведска.[23] Рабио одиграл вкупно 42 натпревари и постигнал 6 гола во сите натпреварувања во сезоната 2015-2016, помагајќи му на Париз Сен Жермен да ги одбрани сите четири домашни титули кој ги освоиле во претходната сезона.

2016-2019[уреди | уреди извор]

За време на сезоната 2016-2017, Рабио станал важен член на стартната постава на парискиот клуб предводен од шпанскиот тренер Унаи Емери.[24] Тој ги започнал повеќето натпревари постигнувајќи еден гол (против Рен) до ноември 2016, кога се здобил со повреда на бедрото за време на натпревар кој го играл за репрезентацијата против Брегот на Слоновата Коска.[25] Повредата го оддалечила од терените околу месец дена, а своето враќање го направил на 7 јануари 2017 против Бастија во првото коло од Куп на Франција, постигнувајќи притоа и погодок во победата со 7-0.[26] На 14 февруари 2017, Рабио добил висока оценка за својот настап против Барселона во незаборавната победа на парижаните од 4-0 на Паркот на принцовите во Лигата на шампионите, одземајќи многу топки и добивајќи голем број на дуели со противничките играчи на средината од теренот.[27][28] На 1 април, Рабио го одиграл целиот натпревар за својот тим во победата со 4-1 над Монако во финалето на Лига купот, со што бил освоен првиот трофеј за сезоната; подоцна ПСЖ го освоил и Купот на Франција, но по четири години ја загубиле шампионската титула во француското првенство завршувајќи на второто место зад Монако.

На почетокот на следната сезона, на 29 јули 2017, Рабио го постигнал победничкиот гол за ПСЖ во победата со 2-1 над Монако во Суперкупот на Франција.[29] Потоа тој постигнал гол и во победата со 6-2 над Тулуз на домашен терен во третото коло од француското првенство, на асистенција на рекордното засилување на парижаните Нејмар. На 14 февруари 2018, Рабио постигнал гол против Реал Мадрид на Сантјаго Бернабеу во поразот со 3-1 во осминафиналето од Лигата на шампионите. Тој одиграл вкупно 50 натпревари во текот на сезоната 2017-2018 - убедливо најмногу во споредба со било која претходна негова сезона во ПСЖ - помагајќи му на клубот повторно да освои четири домашни титули (како во сезоната 2015-2016): Лига 1, Купот на Франција, Лига купот на Франција и Суперкупот на Франција.

Во сезоната 2018-2019, Рабио влегол во последната година од неговиот договор со клубот од главниот град на Франција,[30] кој немал намера да го продолжи.[31] Поради оваа причина ПСЖ одлучил во јануари 2019 да го суспендира и бил принуден да тренира со резервите.[32] На 14 март 2019 година, тој уште еднаш бил казнет од клубот до крајот на месецот да не прима плата заради одење во ноќен клуб по поразот со 3-1 од Манчестер Јунајтед во осминафиналето од Лигата на шампионите со кој ПСЖ бил елиминиран од натпреварувањето, како и за лајк на Инстаграм на пост на Патрис Евра во кој тој ја славел победата на Јунајтед.[33][34] Шест дена подоцна на 20 март 2019 година, Вероника Рабио, мајката на Адријан која исто така е негов агент, дала интервју за францускиот весник L'Équipe во кое остро ги критикува одлуките на спортскиот директор на ПСЖ Антеро Енрике против нејзиниот син велејќи дека Рабио го третираат како "затвореник" и дека му недостасуваат само уште сув леб и вода и да биде затворен во темница. Таа исто така рекла дека ПСЖ го казнува само поради тоа што не сакал да го продолжи договорот, а не поради излегувањето во ноќен клуб и лајкот на видеото на инстаграм.[35] Сезоната ја завршил со 20 настапи во сите турнири и 2 постигнати гола сите во првиот дел од сезоната. Тој не одиграл веќе ниту еден натпревар за ПСЖ од јануари 2019 година. Својот последен натпревар во дресот на Париз Сен Жермен го одиграл на 5 декември 2018, во ремито 1-1 на гостувањето кај Стразбур. Вкупно во кариерата за парискиот клуб одиграл 227 натпревари и постигнал 24 гола.

Јувентус[уреди | уреди извор]

Откако му истекол договорот со Париз Сен Жермен, на 1 јули 2019 година, Рабио му се прикчлучил на италијанскиот првак Јувентус со слободен трансфер, потпишувајќи четиригодишен договор вреден 7 милиони евра по сезона плус 10 милиони евра бонус за самото потпишување.[36][37]

Репрезентативна кариера[уреди | уреди извор]

Хронологија на репрезентативните настапи[уреди | уреди извор]

Клупска статистика[уреди | уреди извор]

Статистиката е ажурирана на 6 јули 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2012-јан. 2013 Франција Париз Сен Жермен Л1 6 0 КФ+ЛКФ 1+1 0 ЛШ 1 0 - - - 9 0
јан.-јун. 2013 Франција Тулуз Л1 13 1 КФ+ЛКФ - - - - - - - - 13 1
2013-2014 Франција Париз Сен Жермен Л1 25 2 КФ+ЛКФ 1+2 0+1 ЛШ 6 0 СФ 0 0 34 3
2014-2015 Л1 21 4 КФ+ЛКФ 5+3 0 ЛШ 4 0 СФ 0 0 33 4
2015-2016 Л1 24 1 КФ+ЛКФ 6+4 1+1 ЛШ 7 3 СФ 1 0 42 6
2016-2017 Л1 27 3 КФ+ЛКФ 4+3 1+0 ЛШ 5 0 СФ 0 0 39 4
2017-2018 Л1 33 1 КФ+ЛКФ 5+3 1+1 ЛШ 8 1 СФ 1 1 50 5
2018-2019 Л1 14 2 КФ+ЛКФ 0 0 ЛШ 5 0 СФ 1 0 20 2
Вкупно Париз Сен Жермен 150 13 38 6 36 4 3 1 227 24
2019-2020 Италија Јувентус А 0 0 КИ 0 0 ЛШ 0 0 СИ 0 0 0 0
Вкупно во кариерата 163 14 38 6 36 4 3 1 240 25

Титули[уреди | уреди извор]

Клупски[уреди | уреди извор]

Франција Париз Сен Жермен[уреди | уреди извор]

2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2017–2018, 2018–2019[38]
2014–2015, 2015–2016, 2016–2017, 2017–2018[39]
2013–2014, 2014–2015, 2015–2016, 2016–2017, 2017–2018
2015, 2016, 2017, 2018

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Rabiot Adrien“ (French). Paris Saint-Germain F.C. конс. 14 December 2015. 
  2. 2,0 2,1 „Генерација на феномени - Адријан Рабио, во Париз раснат и домашни таленти, а Анчелоти гарантира...“. 
  3. „Adrien Rabiot : « Quelque chose de grand »“. Le Parisien. 09 јули 2012. 
  4. „Premier contrat professionnel pour Adrien Rabiot“ [First professional contract for Adrien Rabiot] (French). Paris Saint-Germain F.C. 12 July 2012. конс. 26 August 2012. 
  5. « Рабио, изненадувањето на Анчелоти », Le 10 Sport, 5 август 2012.
  6. „Rabiot, la révélation parisienne!“ [Rabiot, the Parisian revelation!] (French). Football.fr. 28 August 2012. конс. 21 October 2015. 
  7. « Рабио, париско откровение! », football.fr, 28 август 2012.
  8. „Le PSG aux portes de la qualification“ [PSG on the verge of qualification] (French). UEFA. 6 November 2012. конс. 15 February 2014. 
  9. „Рабио го сруши рекордот на Артета“. maxifoot.fr. 7 novembre 2012. конс. 2 јули 2019. 
  10. „Adrien Rabiot prêté à Toulouse“ [Adrien Rabiot loaned to Toulouse] (French). Paris Saint-Germain F.C. 31 January 2014. конс. 15 February 2014. 
  11. „Mercato - Adrien Rabiot (PSG) prêté au TFC“. tfc.info. конс. 2 јули 2019. 
  12. „Тулуз потклекна во завршницата пред Рен (2-0)“. tfc.info. конс. 2 јули 2019. 
  13. „Stade Brestois-TFC (0–1): Rabiot relance Toulouse“ [Stade Brestois-TFC (0–1): Rabiot puts Toulouse back on track] (French). Eurosport. 9 March 2013. конс. 15 February 2014. 
  14. Magnifique premier but Ligue 1 RABIOT (45') - Stade Brestois 29 - Toulouse FC (0-1) / 2012-13 (video) youtube.com
  15. Финале на Лига купот на Франција: Париз Сен Жермен - Лион 2-1 www.transfermarkt.com
  16. „VIDEOS. PSG-Rennes (1-2) : revivez le match minute par minute“. leparisien.fr (French). конс. 2016-04-26. 
  17. Rabiot sanctionné pour l'exemple
  18. Rabiot: I have no idea why Roma move collapsed goal.com
  19. Adrien Rabiot prolonge jusqu'en 2019
  20. [PSG : Le bonheur de Rabiot „https://www.lesechos.fr/sport/football/sports-698328-psg-le-bonheur-de-rabiot-1067033.php“]. lesechos.fr (French). 21 ноември 2014. 
  21. Кристофер Дод. „Двојниот стрелец Рабио му помогна на Париз Сен Жермен да го победи Тулуз“, sportsmole.co.uk, 21 февруари 2015 (посет. 3 јули 2019 г).
  22. „Le PSG débute comme jamais sous QSI : avec une victoire“. Eurosport. 2015-08-07. конс. 2016-04-26. .
  23. „Лига на шампиони: ПСЖ го победи Малме(0-5) и се квалификува меѓу 16-те најдобри“. Eurosport. 2015-11-25. конс. 2016-04-26. 
  24. [1], Eurosport.fr, 23 септември 2016.
  25. Adrien Rabiot, touché à une cuisse avec les Bleus, ne pense pas pouvoir jouer à Arsenal
  26. Paris Saint-Germain 7-0 Bastia: Parisians breeze to victory over Ligue 1 outfit in French Cup as Julian Draxler marks competitive debut with goal www.dailymail.co.uk
  27. ВИДЕО: Рабио ГО ПОНИЖИ најдобриот фудбалер на Барселона“, gol.mk, пред две години (посет. 5 јули 2019 г).
  28. PSG 4 Barcelona 0: Six things we learned as the end of an era leaves Lionel Messi and Neymar stunned www.independent.co.uk
  29. ВИДЕО: Маестралниот Алвес и Рабио направија пресврт и донесоа Суперкуп титула за ПСЖ“, gol.mk, пред две години (посет. 6 јули 2019 г).
  30. pour prolonger, Rabiot ne voudrait pas plus de trois ans de contrat
  31. Рабио по трет пат му откажа на ПСЖ“, standard.mk, 2 октомври 2018 (посет. 6 јули 2019 г).
  32. „Adrien Rabiot calls on French FA to force Paris Saint-Germain to allow him to return to first-team setup“. Sky Sports. 21 January 2019. конс. 22 January 2019. 
  33. „PSG outcast Rabiot suspended over night out“. France 24. 14 март 2019. конс. 6 јули 2019. 
  34. ПСЖ повторно го казни Рабио, овој пат за „лајк“ во Инстаграм“, GRID.mk, 6 април 2019 (посет. 6 јули 2019 г).
  35. „Син ми е заложник во ПСЖ, го држат како затвореник, му фали уште сув леб и темница!““, gol.mk, 20 април 2019 (посет. 6 јули 2019 г).
  36. „À bientôt, Rabiot!“. Juventus.com. конс. 2019-07-01. 
  37. Рабио потпиша со Јувентус“, GRID.mk, 1 јули 2019 (посет. 6 јули 2019 г).
  38. „PSG Champions as Lille held at Toulouse“. Ligue 1. 21 April 2019. конс. 21 April 2019. 
  39. „Paris Saint-Germain set record with fourth straight Coupe De France crown“. Goal. 8 May 2018. конс. 8 May 2018. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]