Суперкуп на Франција 2017

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Суперкуп на Франција 2017
Trophée des champions 2017b.png
ПрвенствоСуперкуп на Франција
Датум29 јули 2017
СтадионСтад де Тангер, Тангер, Мароко
Играч на натпреваротБразил Дани Алвес
(Париз Сен Жермен)
СудијаМароко Нуредин Ел Јафари
Гледачи43,761
2016
2018

Суперкуп на Франција 2017 било 22-ро издание на Суперкупот на Франција. Во натпреварот се натпреварувале победникот на Лига 1 2016-2017 Монако и победникот на Купот на Франција 2016-2017 Париз Сен Жермен. Натпреварот се одиграл на Стад де Тангер во Тангер, Мароко.[1]

Париз Сен Жермен биле бранители на титулата од последните 4 изданија, а на последното издание во 2016 кое се одиграло во Австрија го победиле Лион со 4–1.

Париз Сен Жермен го победил Монако со 2–1 и го освоил Суперкуп на Франција 2017, што била нивната седма титула во ова натпреварување.[2] Стрелци за ПСЖ биле Дани Алвес и Адријан Рабио, кој му донеле пресврт на својот тим откако најпрво Монако повел со голот на Џибрил Сидибе.

Натпреварот[уреди | уреди извор]

Преглед[уреди | уреди извор]

Џибрил Сидибе го отворил резултатот постигнувајќи гол за Монако во 30-тата минута истрчувајќи сам пред голманот Алфонс Ареола кој го совладал со лоб удар надвор од шеснаесеттникот со десната нога. ПСЖ возвратил во второто полувреме, поточно во 51-вата минута кога Дани Алвес со прекрасен гол од слободен удар од преку 23 метри изедначил на 1-1. Победничкиот гол го постигнал Адријан Рабио во 63-тата минута со удар со глава од пет метри по центаршутот на Дани Алвес.

Детали[уреди | уреди извор]

Монако
Париз Сен Жермен
GK 1 Хрватска Даниел Субашиќ
RB 38 Мали Алмами Туре
CB 25 Полска Камил Глик добил жолт картон во 51-вата минута 51'
CB 5 Бразил Жемерсон
LB 4 Холандија Теренс Конголо заменет 66'
RM 19 Франција Џибрил Сидибе добил жолт картон во 49-тата минута 49' заменет 77'
CM 17 Белгија Јури Тилеманс
CM 2 Бразил Фабињо добил жолт картон во 82-рата минута 82'
LM 27 Франција Тома Лемар
CF 9 Колумбија Радамел Фалкао Captain sports.svg
CF 10 Франција Килијан Мбапе заменет 71'
Замени:
GK 16 Швајцарија Диего Бенаљо
DF 6 Бразил Жорже
DF 24 Италија Андреа Раџи
MF 8 Португалија Жоао Мутињо
MF 12 Франција Алан Сен-Максиман влегол во игра 77'
MF 20 Португалија Рони Лопес влегол во игра 66'
FW 11 Аргентина Гвидо Карилјо влегол во игра 71'
Тренер:
Португалија Леонардо Жардим
Monaco vs Paris Saint-Germain 2017-07-29.svg
GK 16 Франција Алфонс Ареола
RB 12 Белгија Томас Мение
CB 5 Бразил Маркињос
CB 2 Бразил Тијаго Силва Captain sports.svg
LB 20 Франција Лајвин Курзава
CM 6 Италија Марко Верати добил жолт картон во 82-рата минута 82' заменет 90'
CM 8 Италија Тијаго Мота заменет 71'
CM 25 Франција Адријан Рабио
RF 32 Бразил Дани Алвес
CF 9 Уругвај Единсон Кавани
LF 10 Аргентина Хавиер Пасторе заменет 86'
Замени:
GK 1 Германија Кевин Трап
DF 3 Франција Преснел Кимпембе
MF 14 Франција Блез Матуиди влегол во игра 71'
MF 18 Аргентина Џовани Ло Селсо
MF 24 Франција Кристофер Нкунку влегол во игра 90'
FW 15 Португалија Гонсало Гуедес влегол во игра 86'
FW 22 Шпанија Хесе
Тренер:
Шпанија Унаи Емери

Играч на натпреварот:
Дани Алвес (Париз Сен Жермен)[4]

Помошни судии:[3]
Мароко Хишам Аит Абу
Мароко Ласен Азгау
Чевтрти судија:[3]
Мароко Адил Зурак

Правила

  • 90 минути.
  • Пенали ако резултатот е нерешен.
  • Седум именувани замени, од кој најмногу три можат да бидат искористени.

Екипа победник[уреди | уреди извор]

600px Blu scuro con fascia verticale bianco rossa.png

Париз Сен Жермен
Победник на Суперкупот на Франција 2017
7. титула
Supercoppa di francia.svg

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Rivalry Resumes in Tangier“. 29 July 2017. конс. 29 July 2017. 
  2. „Dani Alves leads PSG to French Super Cup win vs. Monaco“. ESPN. 28 July 2017. конс. 31 July 2017. 
  3. 3,0 3,1 3,2 „Tanger 2017 : les arbitres connus“ [Tangier 2017: the referees known]. LFP.fr (French). Ligue de Football Professionnel. 26 July 2017. конс. 29 July 2017. 
  4. „Dani Alves named Man of the Match“. psg.fr. Paris Saint-Germain F.C. 29 July 2017. конс. 31 July 2017. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]